КАФЕ ПАУЗА

Кои знаци укажуваат на фактот дека се манипулирате самите себе?

Кои знаци укажуваат на фактот дека се манипулирате самите себе?

Written by

in

,

Честопати, кога некој сака да ве натера да се сомневате во сопствените зборови и одлуки, тој/таа сака да манипулира со вас. Сигурно ви е добро познат изразот „тој/таа сака да ме полуди“, а тоа е ситуација кога некој ве убедува дека нешто не сте виделе или процениле како што треба, најчесто за да се оправда или да извлече некаква корист.rnrnКои знаци укажуваат на фактот дека се манипулирате самите себе?rnrnНо, постои и друг вид манипулација што ја практикуваме кон себе – кога човек се убедува во својата слабост, безвредност, недостојност за одредени врски и активности. Станува збор за личност која не верува во себе и има проблем со самодовербата. Еве ги најчестите знаци за манипулација кон себе:rnrn1. Личноста не им верува на своите чувства, ги отфрла и си забранува да ги изразува и манифестира.rnrn2. Повторно и повторно се сомнева во себе и е самокритична.rnrn3. На таков човек му е тешко да носи одлуки и да избира. Цело време се чини дека сè што прави е погрешно и несоодветно.rnrn4. Сомничавост и преценување на туѓите проценки. Постојано ги гледа другите и има страв од неодобрување.rnrn5. Постојано се самокритикува и самопонижува.rnrnОва се најчестите причини зошто личноста се однесува на овој начин:rn

1. Не верува во себе

rnПричините се ниската самодоверба, негативните искуства, големиот број неуспеси. Се развиваат негативни верувања во себе и личноста се потпира на нив.rn

2. Негативно размислување

rnЧовекот е склон кон песимистичка проценка на сликата за светот и, пред сè, за себе.rn

2. Ја игра улогата на друг манипулатор

rnМожно е такво лице да било жртва на манипулација на некоја друга личност, па по извесен период го продолжило истиот принцип на однесување кон себе.rn

3. Споредување со другите

rnСтанува збор за луѓе кои постојано се споредуваат со сите останати и сметаат дека не се доволно добри.rn

4. Недоволна комуникација со себе

rnЧовекот не е навикнат да се слуша себеси, да ги толкува своите чувства и мисли.rn

5. Прекумерни амбиции и перфекционизам

rnТаквиот човек бара премногу од себе, па често е незадоволен од постигнатото.rnrnОткако прочитавте за знаците кои укажуваат на манипулирање на самите себе, можеби ќе сакате да прочитате и за најчестите примери за манипулативен однос во љубовната врска.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs