Бик и девица – љубовна комбинација
Љубовната врска сочинета од партнери со хороскопски знаци бик и девица, претставува една навистина практична унија. И двата знака внесуваат практичност во нивните секојдневни активности, како најефикасно решение на повеќето проблеми. Тие се многу отворени, искрени и посветени еден на друг. На девицата ù се допаѓа силата и посветеноста кои ги поседува бикот, а тој пак го цени брзиот ум на девицата. Поради претпазливата природа на девицата, на оваа љубовна врска најверојатно ќе ù треба повеќе време за да се развие, но кога еднаш ќе се стабилизира, таа ќе фати добар правец, како една парна локомотива во движење, која работи на нејзината сопствена енергија и е тешко да се сопре.Овие два знака имаат многу заеднички работи. Двајцата го ценат здравиот разум и практичноста, материјалисти се и работат напорно за да си го овозможат комфорниот начин на живот, кој го посакуваат. Бикот е посензитивен и потолерантен кон другите луѓе, во однос на девицата. Таа има тенденција да се трга настрана од хаотичните ситуации во животот, за да може на раат да ги анализира сите можни гледишта на истите. Анализите на девицата, може да ја одведат до пожесток критицизам, кој бикот може да си го сфаќа премногу при срце. Добрата вест е дека, тие се доволно слични по природа за да можат да научат да бидат трпеливи и нежни еден со друг. Таа лекција може подобро да ја научи девицата, која обожава да го разгалува нејзиниот бик со добра храна и нежни допири.
Бикот е управуван од планетата Венера (љубов и пари), а девицата од Меркур (комуникација). Овие две планети се блиску до Сонцето, поради што бикот и девицата се многу слични по природа, иако делуваат како да се многу различни. Венера се однесува на физичките задоволства, романтиката и страста – работи кои му се многу важни на бикот. Меркур пак, се однесува на комуникациските вештини кои ги поседува девицата и нејзината способност за прилагодување на ситуациите, врз основа на формата која сама ќе си ја одбере. Девицата може мошне да ги разбере чувствата на другите луѓе, а може и лесно да постане романтичен и сензуален партнер, каков што бикот посакува да биде. Двајцата партнери се многу приврзани и посветени еден на друг, така што нивните конфликти не би требало да бидат фокусирани на прашања околу интимноста.
Бикот и девицата се сталожени, постојани, реални и разумни личности. Ним многу им е важна стабилната финансиска состојба и опкружувањето со убави работи: раскошен дом, скапи уметнички дела, автомобили од висока класа… Поради таквата нивна потреба, овој пар дефинитивно ќе работи напорно и никогаш нема непотребно да ги расфрла парите, за да може да си ги овозможи ваквите луксузи.
Бикот е тврдоглав и речиси никогаш не се премислува откако еднаш ќе го оформи неговото мислење по некое прашање. Пофлексибилната девица може да му помогне на бикот да научи да го цени „откочувањето“ на умот, кога тоа е потребно и се разбира, практично решение.
Најдобриот аспект од љубовната комбинација бик-девица е посветеноста на партнерите кон реализација на нивните заеднички цели. Поради тоа што имаат многу слични интереси и желби во животот, бикот и девицата се високо компатибилен пар.
———————————————————————————————————————————————————————-
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.