КАФЕ ПАУЗА

Кафе од цикорија: Здрав пијалак кој ќе го разведри и најсивиот ден

Доколку не го сакате кафето, а сакате да се напиете пијалак кој ќе ве освежи и ќе ви послужи како дополнителен извор на енергија, тогаш пробајте го пијалакот на база на цикорија. Ова е повеќегодишно растение од семејството композитни растенија кое на народот му е уште познато и под името водопија, коњска трева и сончево цвеќе. Најраспространето е во Европа, а расте и по ливадите, по патиштата и покрај шумите.rnrnКафе од цикорија: Здрав пијалак кој ќе го разведри и најсивиот денrnrnСтанува збор за лековито растение со горчлив вкус кое ги смалува болките во желудникот, го поттикнува исфрлувањето на токсините од организмот, го забрзува метаболизмот и благотворно делува на намалувањето на симптомите на дијабетес тип 2. За овој последен податок, првенствено е заслужен инсулинот кој се наоѓа во коренот на цикоријата и кој го спречува зголемувањето на нивото на шеќерот во крвта.rnrnИнсулинот, покрај тоа, делува и пробиотички, односно го поттикнува растот на добрите бактерии во цревата и позитивно делува на варењето на храната, како и функциите во целокупниот организам. Коренот од цикорија се користи и како состојка во подготовката на пијалаците кои се сметаат за поздрава алтернатива на кафето и кои се пиеле од многу одамна. Во продолжение прочитајте како да го подготвите овој рецепт.rn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • 3 лажички корен од цикорија во прав
  • rn011

  • 1 лажичка какао
  • rn011

  • 200 милилитри топла вода
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnПрелијте ја цикоријата со водата и додадете го какаото, па мешајте додека не добиете хомогена смеса. По желба, додадете и некаков засладувач. Пијте го овој пијалак во утринските и попладневните часови за да се освежите и разбудите, а избегнувајте да го консумирате навечер или пред спиење, бидејќи ќе имате потешкотии да заспиете.