Неверојатни гифови ја заменуваат модата со чудата на природата
Истражувајќи го концептот на универзумот, динамичното дуо Ајла Ел-Муса и Лукас Игхајл ни претставуваат една неверојатна колекција гифови насловена „Deep Discovery“ (Длабоко откривање). Новите слики се уште еден додаток на нивната серија на визуелна филозофија организирана и остварена под името на компанијата „25th Century“.
„Deep Discovery“ танцува низ линиите на самосвесноста, нудејќи флуидни комбинации помеѓу жената и природата кои ги откриваат нашите универзални сличности на молекуларно ниво.
„Овој проект започна со еден обичен цитат од големиот Брус Ли: ‘Бидете без форма, без облик, како водата.’ Оттука, нашиот проект прерасна во нешто многу поголемо отколку што замисливме, нова форма на уметничка филозофија која посакуваме да ја споделиме со светот“, вели Ајла.
Ајла и Лукас ја основале компанијата „25th Century“ во 2009-тата година за да можат да изложуваат разни уметнички дела, но платформата постепено еволуирала во место каде денес ексклузивно ги претставуваат своите фотографии, филмови и музика.
Бркајќи ја визијата на иднината, парот во нивните дела сака да ги прослави моментите на себеоктривањето и човечкото изразување.
Убавината на нивните прекрасни визуелни креации е тоа што и покрај нивната унифицирана, еднородна тема, тие се отворени за понатамошна разработка, лична интерпретација и конекции.
Дури и во недостаток на приказна, анимираните фотографии од „Deep Discovery“ стојат моќно сами и на свој начин. Со чувство на магичност, како движечките портрети во Хари Потер, оваа серија претставува прекрасно испитување на силата која се наоѓа во нас.