Мажите се мистериозни, но од друга страна и жените знаат да бидат. За двата пола кружат голем број митови, кои често се обични измислици. Ова се неколку од најпознатите митови за мажите кои не држат вода.
rn
Мислат на секс по цел ден
rnОвој мит со сигурност сте го чуле. Според митот, мажите помислуваат на секс на секои 7 секунди, што автоматски значи дека по цел ден мислат само на секс. Едно истражување што го направил институтот „Kinsey“ покажува дека 54% од мажите мислат на секс секој ден, додека 43% мислат на секс неколку пати неделно. Постојат и мажи кои уште поретко помислуваат на секс.rnrn
Не сакаат многу да зборуваат
rnПостојат истражувања кои покажуваат дека жените изговараат повеќе зборови од мажите во текот на еден ден. Сепак тоа не е вистина, бидејќи и мажите и жените зборуваат отприлика исто, а во некои случаи мажите се и позборлести. Очигледно проблемот лежи во тоа што жените поретко знаат да поставуваат вистински прашања.rnrn
Не сакаат врски
rnОвој изговор сѐ уште им дава сила на жените да прејдат преку фактот дека налетале на незгоден тип. Истражувањата покажуваат дека само 20% од мажите не сакаат туку-така да влезат во врска, додека остатокот од нив многу лесно се впуштаат во врска.rnrn
Не сакаат жената да го направи првиот чекор
rnОва најверојатно го измислиле посрамежливите жени, бидејќи повеќето мажи се изјаснуваат дека сакаат кога жените ја преземаат иницијативата. Доколку одбијат жена, тоа не значи дека ја одбиле затоа што таа го направила првиот чекор, туку бидејќи едноставно не им се допаѓа.rnrn
Се плашат од успешни жени
rnНекои од нив да, но поголемиот дел од мажите немаат проблем со тоа нивната понежна половина да биде успешна и да знае што сака. Оние кои се плашат од успешни жени, пополека стануваат вид во исчезнување.rnrn
Големината на стапалата и дланките не значи ништо
rnМитовите дека по големината на стапалата и дланките можеме да дознаеме колкав му е пенисот на еден маж се тотални бесмислици. Истражувањето на Универзитетот во Лондон, покажува дека едното со другото си нема никаква врска, што е добра вест за оние со мали дланки и стапала.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
