Сите деца од улицата го возеа истиот велосипед. Се разбира, тоа беше „бемикс“ на кој често му се вадеше ланецот, па се обидувавме да го вратиме на место со валканите прсти. Немаше родители во близина да викаат „успори“, а и децата не носеа шлемови додека возеа.rnrn
rnrnЗа време на летниот распуст излегувавме наутро и се враќавме доцна во вечерните часови. Речиси никој не може да се сети што направивме сето тоа време, само некои се сеќаваат: „долга магарица“, прескокнување јаже и ластик, стража и криенка, „плочка“, „дај царе војска“, џамлии, „камај“…rnrnКако што паѓаше мракот, нашите мајки нè повикуваа дома, но дури и тогаш не сакавме да се откажеме од бркотниците по улиците.rnrnНемаше мобилни телефони, никој нè бараше. Го јадевме овошјето што ќе го „украдевме“ искачувајќи се на високите гранки од вишните и јаболкниците на соседите.rnrnПаѓавме, добивавме скршеници, но никој не тужеше никого. Гребнатините од кои не течеше „многу“ крв беа игнорирани, сè заради играта. Знаевме дека ако се вратиме дома, нашите родители нема да дозволат да излеземе надвор до крајот на тој ден.rnrnЈадевме колачи, штрудли, сладолед, палачинки, но ниту едно дете не беше дебело затоа што постојано трчавме, скокавме, брзавме, се качувавме… Некои од нас пиеја вода или сок од истото шише, но никој не се разболе од тоа.rnrnНемавме Интернет, мобилни телефони, конзоли, 160 канали на кабловската телевизија, но имавме пријатели!rnrn
rnrnСамо ќе излезевме и ќе ги најдевме. Немаше договарање однапред. Седевме на клупите во паркот, на гранките од дрвјата, на трупчиња и разговаравме за сè и сешто.rnrnАко сакавме да повикаме некого, ќе одевме до неговата врата, ќе тропневме или само ќе влезевме дома и ќе ги поканевме другарчињата на леб и мармалад.rnrnСе сеќавате ли? Сами во овој суров свет! Како ли преживеавме?rnrnСите играа фудбал, одбојка, но скоро никој не го практикуваше спортот професионално. Оние што не беа добри во спортот, научија како да се справат со разочарувањето.rnrnРечиси никој од нас ги немаше „сите петки“ на училиште, но имаше многумина кои не ја поминаа годината. Родителите не учеа и не пишуваа домашни задачи со нас.rnrnТатковците мудро велеа: „Ако имаш единица, сигурно си ја заслужил“, или „И тројката е за ученици“, или „Ако научиш ќе одбиеш петка!“…rnrnБевме подготвени на последиците. Немаше зад кој да се скриеме. Родителите секогаш беа на страната на наставниците. Ако направевме грешка, знаевме дека самите сме одговорни за последиците! Никој не нè бранеше, тоа беше познато.rnrnИмавме слобода да избереме, ако сакаме да учиме – да се запишеме на факултет. Родителите не се мешаа во нашите одлуки.rnrnСветот функционираше по поинакви правила и животот беше многу поедноставен. Ах, времиња!rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 8-те митови за животот на нашите баби во кои сè уште веруваме.
За сите оние родени во 1960, 1970 и 1980 години: Како ли само преживеавме?
