Најчудните глетки коишто пилотите ги виделе од авионите

Најчудните глетки коишто пилотите ги виделе од авионите

Работата како пилот бара голема храброст, но понекогаш тие се соочуваат со доста интересни ситуации. Овде ви прикажуваме неколку необични глетки со коишто се соочиле пилотите во текот на нивното работно искуство.

1. Меѓународна вселенска станица

„Летавме на висина од 13.100 метра, а сонцето заоѓаше зад нас. Одеднаш здогледавме сјајна точка на хоризонтот директно пред нас. Почна да се движи неверојатно брзо. Го повикавме центарот и прашавме дали имаат некаква информација, затоа што навистина изгледаше како таа точка да се движи директно кон нас. Тие ни одговорија дека нема ништо таму, па ние им ја опишавме светлата точка којашто се упатуваше кон нас, а авионот позади нас го потврди истото. Од центарот нè замолија да причекаме, а потоа следуваше одговор: ‘Она што сте го виделе е вселенска станица’.“

2. Куче и елен на пистата

Кога пилотите побарале извештај за тоа што се приближува на малата писта во Пенсилванија, ним им било одговорено со напомена:

„Внимавајте на црното куче на пистата за слетување. Тоа брка стадо елени.“

3. Американска подморница

Уште еден пилот опишал како летал преку планинскиот гребен на Хаваите, а од другата страна на гребенот имало мала надолнина каде што се наоѓало нешто огромно.

„Прво помислив дека се работи за кит, а потоа сфатив дека е нешто многу поголемо. Тоа беше подморница на американската морнарица и најголемото водно возило коешто некогаш сум го видел во животот.“

4. Комбајн како „јаде“ автомобил

Еден пилот тврдел дека, додека надлетувал едно мало село, забележал како еден комбајн „јаде“ автомобил додека неколку луѓе панично трчале наоколу.

5. Гулаби

Гулабите на неколку илјади метра височина се невообичаена глетка.

6. Розово езеро

Кога летал од Мелбурн во Перт, еден пилот забележал розово езеро. Езерото добива розова боја поради зелените алги „Dunaliela salina“, а можно е и поради високата концентрација на морски ракчиња. Кога водата ќе стане посолена од морската, под вистинска температура и светлосни услови, алгите акумулираат пигмент бетакаротен, што на водата ѝ дава розова боја.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар