Едноставен рецепт за вкусен чоколаден леб од банана
Сите љубители на чоколадото, бананите и вкусните слатки, ќе бидат воодушевени од овој рецепт за чоколаден леб од банана. Потребено ви е околу еден час за да го приготвите, чија подготовка е доста едноставна, а вкусот пресладок.
Потребни состојки:
- 100 грама путер, стопен на собна температура
- 130 грама брашно
- 60 грама какао
- 1 супена лажица сода бикарбона
- 1/4 супена лажица сол
- 150 грама шеќер
- 60 милилитри млеко
- 1 супена лажица ванилин шеќер
- 1 поголемо јајце и 1 жолчка
- 80 грама крцкави, чоколадни трошки
- 3 зрели, изгмечени банани
Начин на припрема:
Загрејте ја рерната на 180 степени, а тавата (со големина отприлика 20×10) обложете ја со хартија за печење. Во подлабок сад измешајте го брашното, какаото, сода бикарбоната и солта. Во друг подлабок сад додадете ги јајцето, жолчката, млекото и ванилиниот шеќер и добро измешајте ги. Потоа комбинирајте ја содржината од двата садови, па додадете ги чоколадните трошки и бананите.
Сипете ја смесата во тавата и ставете ја да се пече во рерна околу еден час. Со виљушка уверете се дека лебот е добро испечен, а потоа извадете го од рерната и оставете го 15-тина минути за да се излади. Исечете го лебот на парчиња и уживајте во неговиот вкус. Нема ништо поубаво од она што се прави лесно, а е премногу вкусно.