КАФЕ ПАУЗА

Зошто среќните парови се подебели?

Среќниот брак предизвикува зголемување на тежината, а задоволството во љубовта има негативен ефект на физичкиот изглед, покажува истражувањето на Универзитетот во Далас, каде следеле брачни парови, 4 години откако се земале.rnrnЗошто среќните парови се подебели?rnrnПричината поради која среќата е поврзана со зголемувањето на тежината ја пронаоѓаат во опуштањето т.е. фактот што брачните партнери се чувствуваат сакано и не водат грижа дали со физичкиот изглед ќе го задржат партнерот.rnrnВо среќните бракови дебелеењето не настанува нагло, туку со текот на времето, додека во нестабилните врски партнерите не покажуваат тенденција да ја зголемуваат телесната тежина.rn
rn

„Заљубените младенци се дебелеат бидејќи не посветуваат внимание на својот физички изглед, додека оние кои размислуваат за раскинување, сакаат да изгледаат фит за потоа полесно да можат да пронајдат нов партнер“ – вели Андреа Мелцер, која го има правено ова истражување.

rnИсто така, таа додава дека иако ваквото опуштање во врската докажува самодоверба и верба во врската, сепак може да има негативни здравствени последици, поради зголемениот ризик од дијабетес и срцеви болести, кои се тесно поврзани со дебелеењето.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.