Влијанието на планетите може да биде од големо значење за вашиот живот. Во одредени периоди од животот некои планети имаат поголемо влијание на вашето однесување и одлуките што ги донесувате. Според тоа, нашиот живот може да се подели на 8 различни периоди во зависност од тоа која планета кога има најсилно влијание.
rn
До 7-та година
rnОд раѓањето па сè до седмиот роденден, најголемо влијание има Месечината, чија главна одлика е емотивноста. Поради тоа улогата на родителот во овој период има клучно значење.rn
Од 7 до 14 години
rnВо овој период најголемо е влијанието на Меркур. Поради тоа чувствувате потреба да се истражувате себеси и светот околу вас. Секој ден се менувате и се пронаоѓате во различни нешта. Ова е период кога учите одредени норми на однесување и дознавате како да се поставувате со различни луѓе.rn
Од 14 до 21 година
rnНајизразено е влијанието на Венера, која е симбол на љубовта, сексуалноста и еротиката. Поради тоа овој период се поврзува со истражувањето на сопствените емоции преку различни врски и преку надворешниот изглед.rn
Од 21 до 35 години
rnПоради големото влијание на Марс, во овој период се пронаоѓате себеси и откривате која е вашата суштина, а вашите цели и желби јасно се дефинираат. Благодарение на тоа успевате да ја установите вашата „животна цел“ и патот кој ќе ве одведе до неа. Станува збор за период во кој вашето вистинско „јас“ ја добива својата конечна форма, како на интимен така и на работен план.rn
Од 35 до 42 години
rnВо овој животен период тежнеете кон тоа да го постигнете вашиот посакуван социјален статус. Исто така, ова е период во кој припадниците на двата пола се борат со значајни телесни промени. Поради тоа овој период од животот на секој човек е прилично стресен, а најголемо влијание има Сонцето.rn
Од 42 до 56 години
rnЈупитер се истакнува со своето влијание во овој период на голема физичка и духовна трансформација поради што се донесуваат многу важни одлуки. Имено, овој период кај жените е поврзан со почетокот на менопаузата и губењето на физичката привлечност, додека кај мажите станува збор за период во кој нивните сексуални способности значително опаѓаат.rn
Од 56 до 70 години
rnНајголемо влијание има Сатурн, кој е симбол на староста, губењето на животната енергија и намалувањето на телесните функции. Од друга страна, пак, ова е и период на мудроста.rn
По 70 години
rnОвој период е поврзан со постојаната потрага по нови животни радости. Тогаш луѓето се посветуваат на различни духовни вредности и на семејството, пред сè на внуците. Најголемо е влијанието на Уран.

