Јаглехидратите играат голема улога во правилното функционирање на организмот и задоволувањето на дневните енергетски потреби. Многу нутриционисти препорачуваат консумирање на густи јаглехидрати кои имаат најмалку 2 до 3 грама хранливи влакна на 100 калории. Во продолжение прочитајте кои 6 намирници содржат здрави јаглехидрати, со чија помош ќе можете да ја постигнете посакуваната тежина.rn
1. Јачмен
rn
rnrn125 милилитри варен јачмен = 97 калории, 22 грама јаглехидрати, 3 грама хранливи влакнаrnrnШведските истражувачи го препорачуваат јачменот како продукт кој го задоволува гладот така што го покачува нивото на шеќерот во крвта многу побавно од некои колачи, кои пак нагло го покачуваат шеќерот, а потоа и нагло го намалуваат, притоа исцрпувајќи ја вашата енергија.rn
2. Грашок
rn
rnrn125 милилитри варен грашок = 67 калории, 12,5 грама јаглехидрати, 4,5 грама хранливи влакнаrnrnГрашокот обезбедува 12% од препорачаната дневна доза јаглехидрати и го неутрализира гладот на тој начин што го покачува нивото на лептин – хормонот кој му сигнализира на мозокот дека сте сити.rn
3. Тестенини од цело зрно
rn
rnrn60 грама суви тестенини = 198 калории, 43 грама јаглехидрати, 5 грама влакнаrnrnБританските студии покажуваат дека консумирањето цели зрна, околу 3 порции дневно, се поврзува со понизок индекс на телесна маса и помалку висцерални масти. Порциите и оброците со тестенини важно е да се држат од 100 до 200 калории (125 до 250 милилитри варени тестенини).rn
4. Пуканки
rn
rnrn750 грама пуканки = 93 калории, 19 јаглехидрати, 3,5 грама хранливи влакнаrnrnСпоред едно истражување, пуканките не само што обезбедуваат подолго чувство на ситост во однос на останатите грицки, како на пример чипсот, туку и го држат енергетското ниво под контрола во текот на целиот ден.rn
6. Овесна каша
rn
rnrn125 милилитри сува овесна каша = 153 калории, 27 грама јаглехидрати, 4 грама влакнаrnrnСкоро половина од хранливите влакна во овесната каша се растворливи – тие во организмот се растворуваат во една супстанца слична на гелот која го прави стомакот пополн и посит за подолг временски период. Додавањето на овие влакна во секојдневната исхрана ќе ви помогне во намалувањето на мастите.rn
7. Киноа
rn
rnrn125 грама варена киноа = 111 калории, 20 грама јаглехидрати, 2,5 грама влакнаrnrnСемето од киноа ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини кои му помагаат на телото во оформувањето и зацврстувањето на мускулниот тонус.
