5 едноставни начини да ја исфрлите негативната енергија од вашиот дом

Сподели

Оваа пролет со сигурност ќе правите големо средување на вашиот дом, па добро би било да обрнете внимание на предметите кои според Фенг Шуи создаваат негативна енергија. Постојат 5, а верувајте дека откако ќе ги отстраните вашиот дом ќе стане многу поубаво и попријатно место за престој.

Реклама

rn

1. Бидете искрени

rnСето она што сте го добиле на поклон од украси, слики или мебел, а не ви се допаѓа, но чувствувате обврска да го чувате, фрлете го! Едноставно, заземете став и кога нема да ве опкружуваат работи кои ве нервираат, ќе ви биде многу попријатно.rn

2. Ракоплескајте во ќошовите

rnНе се шегуваме! Морате да го пробате ова!

Кај секој ќош или на кое било друго место каде што ќе почувствувате песимизам, аплаудирајте со рацете. Звуците и вашиот позитивен став ќе променат сè на подобро. Едноставно, со неколку движења на рацете ќе избришете сè што е негативно, како со волшебно стапче.rn

3. Поправете сè што е скршено

rnСкршените работи навистина нервираат и создаваат лоши вибрации. Доколку можете да го поправите тоа што не работи и да составите сè што е скршено направете го тоа, а доколку на скршената вазна едноставно ѝ нема спас – нема ни причина зошто да ја чувате.

rn

4. Наполнете ја кујната со здрави производи

rnЗнаете и самите колку е тоа добро, но замислете ги сите тие прекрасни, шарени, а здрави производи во вашиот фрижидер. Дефинитивно ќе се чувствувате подобро, а кујната ќе добие посебен сјај.rn

5. Додадете љубов

rnЉубовта ја покренува добрата енергија.

Пронајдете време за себеси и за она што навистина сакате да го правите, но пронајдете и сјајни начини да поминувате квалитетни моменти заедно со вашето семејство. Смеата и среќата со сигурност ќе ја исфрлат секоја негативна мисла!

На кој уште му е потребна негативната енергија? Отворете ѝ ја вратата од вашиот дом за да излезе и никогаш повеќе да не се врати.

Популарно

Може ќе ве интересира