КАФЕ ПАУЗА

Клучните состојки за среќен живот

Состојки за среќен живот

Written by

in

,

Сите секојдневно се прашуваме кои состојки го сочинуваат рецептот за среќен живот. Секој сака да е среќен, но на малкумина им успева тоа. Понекогаш некои од состојките едноставно недостасуваат, сме заборавиле да ги ставиме или сме ги замениле со погрешни. Ако сакаме да направиме колач, но наместо да ставиме шеќер, сме додале сол, нема да го добиеме посакуваниот резултат. Исто е и со животот.rnrnСостојки за среќен животrnrnВажно е да бидеме свесни кои се состојките потребни за среќен и исполнет живот. Овој рецепт може да не е сосема ист кај сите луѓе, но еве ги главните состојки без кои не би бил целосен:rn

Почит кон себеси и останатите

rnПокажете почит спрема луѓето околу себе. Насилноста и исмејувањето се строго забранети! Научете да бидете толерантни и немојте да му се развикате на возачот кој ви го пресекол патот. Наместо тоа останете смирени и подарете по некој убав збор. Ќе видите како енергијата на луѓето околу вас веднаш ќе стане попозитивна.rn

Правилна исхрана

rnПотребно е да најдете баланс помеѓу желбата за храната што ви причинува задоволство и храната која е корисна за вашето здравје. Сите понекогаш сакаме да каснеме чоколадо или да изедеме голема пица за ручек, без притоа да чувствуваме грижа на совест, и тоа е во ред. Но, обидете се ваквите задоволства да ги сведете на минимум и да си ги дозволувате само во одредени денови од неделата. Вашето секојдневно мени нека биде исполнето со здрава храна. Телото и умот ќе ви бидат благодарни.rn

Правилно насочување на енергијата

rnСте се запрашале ли некогаш што ве исцрпува, а што ве полни со енергија? Ако секојдневно се чувствувате изморено и раздразливо како ќе можете да функционирате правилно? Важно е да го откриете изворот кој ја „цица“ сета ваша енергија и ако не можете да го елиминирате, барем потрудете се да го пронајдете оној кој ве полни со енергија и воспоставете рамнотежа помеѓу двата.rn

Мир

rnТешко е да се пронајде внатрешниот мир. Некои луѓе целиот живот го бараат, но не успеваат да го најдат. За да се приближите до достигнувањето на оваа цел, потребно е да се поврзете со вашиот сопствен ум и душа. Тоа ќе го направите ако поминувате доволно време со самите себеси, во вашиот внатрешен свет. Одвојте половина час од денот за да бидете сами. Ќе видите колку интересни работи ќе откриете за себе и колку добро ќе се запознаете со вашата личност што ќе ве направи многу посмирени и повозвишени.rn

Релаксација

rnДоколку постојано го жртвувате својот сон на сметка на работата и обврските што ги имате, дозволете си себеси да земете повеќе време за одмор и спиење. Во ред е понекогаш да не правите ништо во текот на денот и едноставно да си прилегнете.rn

Пријатели

rnСекогаш одвојувајте време за дружба со вашите пријатели. Вистинските пријатели се многу важен сегмент од животот на секој човек. Често го прескокнувате саботниот ручек со нив затоа што сакате да се одморите дома или имате некои други ситни обврски? Не правете го тоа. Пријателите се оние кои ве сакаат, ви даваат поддршка и ве прифаќаат токму онакви какви што сте, заедно со сите маани и недостатоци. Без нив вие не би биле таму кај што сте во овој момент и вашиот живот не би бил целосен. Не го потценувајте нивното значење само затоа што не се гледате веќе толку често. Тие се секогаш тука за вас и за да ги задржите потребно е да го негувате вашиот однос со нив.rnrnСостојки за среќен животrn

Благодарност

rnБидете свесни за сето она што го имате и бидете благодарни. Научите да ги цените работите што ги добивате, а до сега ги земавте здраво за готово. Не станува збор за некои големи работи, туку токму за оние ситници на кои често пати забораваме да обрнеме внимание. Се разбудивте и првото нешто што го здогледавте беше насмеаното сонце после низа облачни денови? Утринското кафе ви беше необично вкусно? Партнерот ве гушна најсилно на целиот свет без некоја особена причина? На прв поглед овие работи делуваат сосема безначајно, но токму тие ја сочинуваат големината на животот и нашето постоење.rn

Креативност

rnИскористете ги сите можности кои ги нудат вашите сетила, тело и ум, и не плашете се да истражувате нови работи. Потрошете малку време на уметноста, сликањето, научете да свирите некој инструмент, танцувајте… Бидете креативни! Којзнае, можеби ќе откриете некој ваш скриен талент.rn

Учете од грешките

rnНаучете да живеете со погрешните одлуки кои сте ги донеле и соочете се со последиците. Немојте да ја префрлате вината на другите за вашите грешки. Дури и ако некој ви нанел зло, обидете се да го извлечете најдоброто од целата ситуација и научете нешто од тоа негативно искуство. Луѓето се склони кон правење грешки и токму тоа придонесува за изградба на нивната извонредна личност.rn

Емоционална мудрост

rnМногу пати досега сте биле повредени и поради тоа сте претпазливи кога станува збор за искажување на вашите емоции. Тоа е во ред, но до одреден степен. Немојте целосно да се затворате и да ставате маска на ладна личност за да се заштитите. Сакајте ги луѓето и кажувајте им го тоа. Отворено разговарајте за она што ве мачи. Се плашите дека партнерот не сака да поминува време со вас? Наместо да си направите триста сценарија во глава и да се измачувате себеси, бидете искрени и прашајте го отворено. Ако оваа стратегија почнете да ја применувате секојдневно, ќе видите колку вашиот живот ќе стане поедноставен од секој можен аспект. Покажувајте ги вашите емоции и не штедете на прегратки!rnrnПонекогаш некоја од овие состојки за среќен живот ќе ви недостасува и ќе ви се чини дека нема никогаш да ја пронајдете. Можеби ќе се чувствувате како „фрлени“ во светот без ваша согласност. Ќе си мислите дека вашето постоење е бесполезно и бесмислено поради минливоста на животот. Но, вие сте присутни во овој свет бидејќи треба да остварите одредена цел, иако можеби таа нема да биде забележлива од прв поглед. Не ја барајте вашата среќа во материјалните нешта. Бидете духовна личност која ќе истражува, чита, патува, дружи и разменува возвишени животни искуства!