Светот е темно и тажно место ако постојано сте лошо расположени. Но, ако сте човек и ако понекогаш се чувствувате лошо, можеби тоа е добро за вас. Социјалниот психолог Џозеф Форгас ги посветил последните неколку години од неговиот живот за да ја проучува тагата, и дошол до многу интересни резултати.
Според Форгас, а и други истражувачи, негативните мисли може да донесат позитивни резултати, како на пример, подобрена меморија и мотивација. Погледнете ги придобивките од лошото расположение.rn
1. Ја зголемува мотивацијата
rnИстражувањата покажале дека луѓето кои се лошо расположени, или тажни, многу е поверојатно да продолжат со работење на некоја тешка работа, за разлика од среќните луѓе.rn
2. Ја подобрува меморијата
rnЛуѓето кои се лошо расположени многу полесно и подетално се сеќавале на некои настани. Позитивното расположение најверојатно предизвикува „стратегии на размислување“ кои не се многу внимателни. Ова има логика од гледна точка на еволуцијата. Животните кои се свесни за своето опкружување многу подобро ги воочуваат заканите.rn
3. Ја намалува лековерноста
rnЛуѓето кои со лошо расположение се многу поскептични за работите кои ги слушнале. Тие поретко веруваат во митови и многу полесно ја забележуваат лагата.
Погледнете ги и овие начини за брзо подобрување на расположението.

