Без разлика колку време имате во текот на денот за да научите нови вештини, секогаш можете да го забрзате тој процес. Било тоа да е учење нов јазик или пак учење како да се започне со еден бизнис, побргу ќе научите доколку умеете да ги контролирате работите и да ги преземете во свои раце. Денес ви прикажуваме 5 моќни чекори коишто ќе ви помогнат да го забрзате процесот на вашето учење.rnrn
rn
1. Ставете акцент на методите, пред бројот на посветени часови
rnКога станува збор за учење нешто ново, методот на учење е поважен од посветените часови. Секако, ова не значи дека бројот на посветените часови не е важен, но пред сè треба да изберете метод којшто ќе ви даде најдобри резултати. За сè што ќе сакате да научите постојат повеќе методи, затоа, потрудете се да сфатите кој е најефикасниот за вас и посветете се на него.rn
2. Користете го правилото 80/20
rnОвој концепт е развиен од италијанскиот економист Вилфредо Парето, којшто објаснува дека 80% од посакуваните резултати доаѓаат со само 20% вложување.rnИако тоа варира од ситуација до ситуација, вие ќе откриете дека:rn
- rn011
- 20% од луѓето во вашиот живот ќе придонесат за 80% од вашата среќа
- 20% од вашите потрошувачи ќе учествуваат во 80% од вашата продажба
- 20% од вашите методи на учење ќе придонесат за 80% од вашите резултати
rn011
rn011
rn
rnКога треба да учите нешто ново, имате чувство дека не знаете многу работи, па лесно е да скокате од една работа на друга. Но, ова ќе биде само залудно потрошено време. Фокусирајте се на она што ќе ви донесе најмногу корист. На пример, доколку сакате да учите шпански јазик само затоа што ова лето сакате да отпатувате во Шпанија, наместо да се фокусирате на читањето и пишувањето, најпрво научете да зборувате, затоа што тоа најмногу ќе ви биде треба!rnrn
rn
3. Учете преку практикување на работите
rnКако што покажуваат истражувањата, луѓето најмногу го задржуваат наученото преку:rn
- rn011
- 5% од учење од предавање/лекции
- 10% од учење преку читање
- 20% од учење на аудио-визуелни начини
- 30% од учење преку демонстрирање
- 50% кога се ангажирани во одредена дискусија
- 70% кога го применуваат тоа што го научиле
- 90% кога во истиот момент го изведуваат тоа што го учат
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnПотсетете се како сте научиле да возите велосипед. Наместо да гледате туторијали или да читате како се прави тоа, вие се впуштивте во неговото искусување.rn
4. Пронајдете тренер
rnЛуѓето коишто ги карактеризираат високи успеси имаат едно нешто заедничко: тие имаат свој тренер. Тренерот ви овозможува да видите и работи коишто претходно не сте можеле да ги согледате. Тој ве води низ тешките времиња со коишто често ќе се среќавате кога ќе учите нешто ново.rn
5. Процесот над перформансите
rnЗаедничката грешка којашто ја прават сите кога се обидуваат да научат нешто ново, е тоа што се фокусираат на резултатите, наместо на процесот. Треба да запаметите дека тешко е да се видат одредени резултати додека не се посвети повеќе работа на тоа. Малите чекори можеби не звучат примамливо, но токму тие водат кон патот до успехот.