3 митови за сексот и вистините кои се кријат зад нив
Сексот е најчистиот облик на човековото изразување, како и најинтимниот начин за искажување на љубовта помеѓу две личности. Токму затоа и кога во оваа област ќе настане неволја, тоа може да се одрази врз целата љубовна врска. Погледнете ги следниве митови за сексот во кој нема ниту грам вистина со цел да ја заштитите вашата врска и да се погрижите вашиот сексуален живот да биде подобар од кога било претходно.
Мит #1 – Кај жените, само хормоните влијаат врз желбата за секс
Многу луѓе претпоставуваат дека ако жената не сака да има секс колку мажот, дека нешто не е во ред со нејзиното либидо. Една од најголемите заблуди е ставот дека слабата сексуална желба кај жените е како последица на нејзините хормони. Реалноста е дека либидото е многу посложено, но и поврзано со сите сфери на човечкото искуство. Физичкото, како и менталното здравје, исхраната, односот кон своето тело, нивото на стрес, па и самиот квалитет на врската може да има многу големо влијание врз желбите за секс. Постојат и лекови кои имаат моќ да го намалат либидото. Имајќи го сè ова на ум, кога жената чувствува намалување на сексуалните желби, тогаш првото нешто што треба да се преиспита е самата љубовна врска.
Мит #2 – Емотивната блискост гарантира добар сексуален живот
Скоро сите луѓе на оваа планета веруваат дека емотивната блискост е основата за добар сексуален живот. Но, тоа не ги вклучува оние парови кои се исклучителни блиски, а сепак нивниот сексуален живот постојано се влошува. Многу од нив почнуваат да се чувствуваат како најдобри пријатели, благодарение на нивната емотивна блискост, па токму затоа и ја губат страста. Решението се крие во преземање мал ризик кој ќе ја намали вашата емотивна блискост, но која ќе ја разгори вашата страст. Вие едноставно треба да заборавите на оние нешта кои сметате дека се „нормални“ и наместо тоа да ги прифатите оние кои ви се забавни и прават да се чувствувате секси. Заборавете на чувството на удобност, бидејќи чувството на пожелност секогаш води кон разгорување на страста.
Мит #3 – Ако вашиот партнер има поголема потреба за секс од вас, нешто не е во ред со врската
Само затоа што еден од партнерите има секојдневна потреба од секс, не значи дека другиот мора да го прифати тоа, дури и ако неговите или нејзините желби се значително помали. Тоа е непрактично, нефер и невозможно во пракса, а многу често може да води и кон неверство. Кога сте во долга врска, природно е да правите компромиси во бројни аспекти од животот – каде ќе живеете, дали ќе имате деца, на чија кариера ќе се фокусирате… Но, често се запоставува разговорот за сексуалните потреби и квалитетниот сексуален живот. Токму затоа и добро е да се разговара отворено на оваа тема, особено ако сметате дека не сте доволно сексуално задоволени. Доколку партнерот го знае тоа, тој или таа без сомнение ќе најде начин како да ве задоволи, дури и без притоа да се впушти во класичен сексуален однос со вас.