КАФЕ ПАУЗА

Како правилно да ги бришете површините во домот?

Како правилно да ги бришете површините во домот?

Експертите откриваат дека цело време ги чистите површините погрешно. Бришењето нагоре-надолу или лево-десно само ја шири нечистотијата наместо да ја отстранува. Темелното чистење на вашиот дом е многу важно за време на пандемијата, но дали знаевте дека можете да ги направите површините повалкани во зависност од тоа како ги бришете?rnrnКако правилно да ги бришете површините во домот? rnrnЕкспертите за контрола на инфекции откриле дека многу луѓе ненамерно ги шират микробите бидејќи ги бришат површините без специфичен метод.rnrnСпоред поранешните лекари на Националната здравствена служба, најдобриот начин да ги избришете површините без да го ширите микробите е да ја следите формата на буквата „Ѕ“. Тие велат дека вообичаениот метод на бришење од едната, а потоа од другата страна е грешка што многу луѓе ја прават затоа што едноставно ги поместуваат нечистотијата и микробите од валканата област на чисти површини.rnrnНепромисленото чистење на површините, односно бришењето нагоре-надолу или лево-десно влијае на ширењето на микробите. Затоа, од врвот до дното во облик на „S“ е најдобриот метод за чистење, но го користат само 60 % од луѓето.rnrnИсто така, експертите предупредуваат дека кујнскиот прибор никогаш не треба да се враќа на површините пред да се исушат по чистењето. Многу производители тврдат дека средствата можат да ги убијат бактериите по 30 секунди, што значи дека треба да ги оставите средствата за чистење на површината некое време за да почнат да дејствуваат.rnrnПрочитајте како да го исчистите душекот и да ги отстраните сите видови дамки.