КАФЕ ПАУЗА

8 знаци на усните што ја откриваат вашата здравствена состојба

8 знаци на усните што ја откриваат вашата здравствена состојба

Усните се вратата што го отвора патот до внатрешноста на телото и затоа треба да обрнете внимание на нивната боја, форма и цврстина и да не ги игнорирате необичните појави. Испукани усни, црвенило, оток – разните појави на овој нежен дел на лицето може да укажуваат на посериозни здравствени проблеми. Во продолжение прочитајте на кои знаци треба да обрнете внимание.rnrn8 знаци на усните што ја откриваат вашата здравствена состојбаrn

1. Брчки на горната усна

rnБрчките се појавуваат со текот на годините и може да се влошат како резултат на физичка и ментална напнатост, вознемиреност и пушење. Денталната хигиена, која ви овозможува да одржувате доволно влажност во устата, игра голема улога во состојбата на усните, особено во староста.rn

2. Суви и испукани усни

rnСувата уста е обично знак на блага дехидрираност, односно усните може да бидат суви и испукани кога немате доволно вода во вашето тело. Климатските услови исто така многу влијаат на состојбата на усните, па многу луѓе постојано носат балсам за усни со нив во текот на зимата.rnrnТреба да се воздржите од лижење на усните бидејќи тоа само ја влошува состојбата, а чешањето на усните, покрај тоа што се испукани, може да значи дека имате алергија.rnrnСувите усни се знак на недоволна хидратација или изложеност на ветер и сонце. Најдобар лек е да пиете доволно течности (вода), притоа да избегнувате кафе и газирани пијалаци. Исто така, добро е да чувате шише вода покрај креветот за да се освежите ако се будите во текот на ноќта.rn

3. Меури и ранички

rnМеурите и раничките се појавуваат почесто во зима и обично или исчезнуваат сами или со помош на кремови што можете да ги купите во аптеките. Може да бидат предизвикани од вирусот херпес симплекс, а во тој случај веројатно ќе почувствувате пецкање и солзење на местото каде што ќе избувне на површината.rnrnПовеќето луѓе го носат овој вирус во своето тело во текот на целиот живот и може повремено да избие повторно, особено ако имате нарушен имунитет.rn

4. Пукнатини на рабовите и на аглите на усните

rnАко премногу често ги лижете усните, може да го зголемите ризикот од инфекција. Ако се лигавите додека спиете или носите некое забно апаратче, бактериите може да се насоберат и да предизвикаат инфекција. Ако усните ви се суви, нанесете балсам пред спиење.rn

5. Промени во бојата

rnПушењето или прекумерното пиење кафе може да ги затемнат усните, но промената на бојата на усните може да укаже и на сериозен проблем со црниот дроб.rnrnАко усните добијат сина боја, тоа може да биде знак на недостаток на кислород во телото, а во тој случај и прстите на рацете и на нозете ќе станат сини.rnrnАко усните ви се бледи, можно е да имате анемија, недостаток на некој витамин или ниско ниво на шеќер во крвта.rn

6. Темни дамки

rnТемните дамки на усните може да бидат резултат на изложеност на сонце. Обично се темнокафеави и можат да бидат доста болни. Заштитите ги усните со балсам со висок заштитен фактор.rnrnТемните дамки може да укажуваат на недостаток на витамин Б12 или на хиперпигментација. Ако станува збор за хиперпигментација, дамките ќе бидат присутни и на носот, челото и образите.rn

7. Отечена усна

rnАко тоа не е последица на удар, отечената усна може да биде знак на алергиска реакција. Ако усните ви отекуваат откако ќе нанесете кармин или сјај, можеби сте чувствителни на некои состојки.rnrnНо, ако истовремено ви се појават чешање и затегнатост во грлото, тоа може да биде алергиска реакција на нешто што сте јаделе.rn

8. Црвени кругови околу усните

rnВоспалените црвени кругови околу усните се знак на егзема. И ова може да биде резултат на постојано лижење на усните затоа што со лижењето можете да го отстраните мрсниот заштитен слој од кожата, а потоа таа ќе стане црвена, ќе се појави чешање и ќе се појават красти. Важно е да ја негувате таа област со хидратантен крем. Ако иритацијата е многу силна, користете природни производи без мирис и без конзерванси.rn

Храна што го стимулира лачењето плунка

rnХраната која го стимулира лачењето плунка ќе ја подобри состојбата на усните и на устата. Јадете повеќе јаболка, краставици, домати, тиквички, лубеници, лимони и крцкав зеленчук полн со растителни влакна, како моркови и целер. Избегнувајте оброци што содржат само сува и солена преработена храна бидејќи тие ја нарушуваат рамнотежата на минералите, особено на натриумот и на калиум, кои се важни за одржување на рамнотежата на течностите во организмот.rnrnПогледнете кои јасни знаци покажуваат дека причината за вашата болест е стресот.