13 работи коишто родителите во 40-тите посакуваат да ги направиле во нивните 30-ти
Третата декада од нашиот живот ни носи многу добри нешта. Тогаш го развиваме чувството на зрелост, до некој степен ја имаме нашата финансиска сигурност и сè уште сме исполнети со енергијата којашто сме ја имале во нашите 20-ти, па затоа не случајно се вели дека 30-тите години се едни од најплодните години во нашиот живот.
Но, постојат неколку работи коишто родителите во нивните 40-ти години посакуваат да ги направиле во нивните 30-ти. Денес ви издвојуваме дел од нив.
1. Да поминуваат повеќе време со нивниот партнер
Животот може да биде премногу зафатен кога ќе станете родители. Во текот на вашите 30-ти години вие ќе поминувате поголем дел од времето посветувајќи го на вашите деца, до тој степен што дури понекогаш можете и да заборавите дека вашиот партнер е исто така вашиот животен сопатник. Поминувањето време со вашите сакани за време на оваа декада може да ви помогне многу во подлабокото и подоброто разбирање на вашите односи.
2. Да имаат свое хоби
Можеби отсекогаш сте имале желба да свирите на гитара или пак да научите некои нови вештини, но со текот на годините тоа станало незамисливо за вас затоа што повеќе време сте посветувале во избирањето хоби за вашето дете. Но, не заборавајте на себе и запомнете дека учењето нови вештини како и практикувањето одредено хоби може да биде најдобриот спомен од вашите 30-ти.
3. Да штедат за своите деца
Ова подразбира штедење средства коишто ќе бидат наменети единствено за трошоците на децата. Иако никогаш не е доцна да се штеди, поголема предност имаат родителите коишто започнале да штедат во своите 30-ти.
4. Да вежбаат
40-тите години претставуваат уникатна фаза во вашиот живот. Во текот на оваа фаза метаболизмот станува побавен, па дури тогаш ја сфаќате важноста од вежбањето во вашите 30-ти. Не заборавајте дека дури и мала утринска прошетка би ви била од голема корист.
5. Да ги читаат своите омилени книги
Во вашите 40-ти години, повеќето од вашето читање ќе биде на работа или дома, читајќи ги учебниците на вашето дете. Во оваа фаза времето поминува бргу, па во тие моменти ќе посакувате барем малку повеќе да читавте во вашите 30-ти. За среќа, ова е нешто што сè уште можете да го направите, споделувајќи романтични поеми со вашиот партнер или пак изнаоѓање одлична статија којашто ќе можете заеднички да ја прочитате на интернет.
6. Да го одржуваат кругот на пријатели
Улогата на родител го намалува времето расположливо за дружење со вашите пријатели. Тогаш сфаќате дека вашиот круг на пријатели е далеку помал отколку кога сте биле во вашите 20-ти. Сепак, доколку во вашите 30-ти одржувате контакт со повеќето ваши пријатели, посигурно е истите да останат покрај вас и понатаму.
7. Да патуваат на нови места
Патувањето е одличен начин за запознавање и учење нови нешта. Во вашите 40-ти децата ќе заземаат најголем дел од вашето време и пари. Од друга страна, во вашите 30-ти години можете да си дозволите повеќе патувања на различни делови од светот.
8. Да уживаат во малите нешта коишто ги нуди животот
Пронајдете начин за да уживате во малите радости коишто ги нуди животот, пред да се втурнете во семејните обврски и одговорности.
9. Да се одлучат за работата којашто ја сакаат
Кога ќе станете родител, вие ќе имате тенденција да се држите до истата работа, дури и ако не ви се допаѓа, со цел да ја одржувате стабилноста на вашето семејство.
10. Да работат на доброволни цели
Во вашите 30-ти имате време, ресурси и енергија за да им помагате на другите, а тоа за возврат ќе ви донесе поголемо чувство на задоволство и исполнување во вашиот живот.
11. Да истражуваат за училиштето и образованието
Кога вашите деца ќе ја достигнат училишната возраст, работите можат да ви изгледаат големи и застрашувачки. Истражувањето направено пред тоа во врска со нивното образование може да ви биде од голема помош, а за тоа најдобро време се вашите 30-ти.
12. Помалку да се плашат од улогата на родител
Во текот на своите 30-ти вие ќе имате многубројни прашања во врска со многу работи за родителството, како и постојано чувство на несигурност.
13. Да читаат литература за деца
Ова е нешто за што повеќето родители жалат во нивните 40-ти. Секогаш е одлично да се знае некоја приказна којашто би ја споделиле со вашите деца пред да заспијат.
Патем, ова не е никогаш доцна да се започне. Како што велат, 40-тите се новите 30-ти!