Најдобрите позадини за совршени Инстаграм фотографии

Најдобрите позадини за совршени Инстаграм фотографии

Верувале или не, кога станува збор за успешна фотографија, позадината има клучна улога. Токму затоа и ги разгледавме Инстаграм профилите на дел од најпознатите модни блогерки и ги откривме местата на кои тие најчесто одлучуваат да ги прават своите популарни фотографии. И не станува збор за метрополи, скапи хотели, бескрајни плажи и модни ревии. Најдобрите фотографии се создаваат пред позадините кои секој од вас може да ги пронајде во својот град.

Симпатични мурали

(1) Најдобрите позадини за совршени Инстаграм фотографии

Никол Варн знае дека нејзиниот совршен еднобоен капут одлично ќе се вклопи со симпатичната и шарена позадина зад неа.

Зеленило

(2) Најдобрите позадини за совршени Инстаграм фотографии

Сите ние ја сакаме природата и обожаваме кога сме опкружени со зеленило. Токму затоа и со соодветниот филтер би можеле да изгледате исто толку совршено како и Кијара Феранји.

Геометриски шари

(3) Најдобрите позадини за совршени Инстаграм фотографии

Да бидеме искрени, скоро секоја објава на познатата блогерка Ејми Сонг заслужува коментар, срценце и восхит, особено поради фактот што внимателно ги одбира неверојатните позадини.

Мост

(4) Најдобрите позадини за совршени Инстаграм фотографии

Не треба дополнително да објаснуваме зошто мостовите се идеална позадина за која било фотографија. Камила Коелјо знае дека токму тоа и прави таа да изгледа толку природно.

Улица

(5) Најдобрите позадини за совршени Инстаграм фотографии

Сте забележале ли каде се наоѓаат најпопуларните фотографии на Инстаграм? Па, на улиците на метрополите секако. Венди Нгујен знае дека спонтаниот чекор и погледот настрана е совршен.

Скали

(6) Најдобрите позадини за совршени Инстаграм фотографии

Доколку сакате опуштена и урбана фотографија, тогаш скалите се совршениот избор. Камила Коелјо повторно ни покажува дека нејзината популарност се должи токму поради позадините.

Плажа

(7) Најдобрите позадини за совршени Инстаграм фотографии

Не треба да се нагласува зошто плажата е идеална позадина за секоја фотографија. Џулс знае дека кристално синото море, песокот, сонцето и пејзажот е идеална Инстаграм комбинација.

Врата

(8) Најдобрите позадини за совршени Инстаграм фотографии

Необичните дизајни на врати, како оваа што ја пронашла Џулс, без сомнение е избор со кој не можете да згрешите доколку сакате да ја покажете вашата дневна модна комбинација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар