Кина е поделена на 22 провинции, 5 автономни региони, 4 директно контролирани општини и 2 посебни региона. Сите овие места заедно ја сочинуваат целокупната убавина и автентичност на Кина, заради што треба да ја посетите.rnrn
rnrnЗабранетиот град се наоѓа во центарот на главниот град, Пекинг. За да се изгради овој град, потребни биле 14 години (1406 – 1420). Забранетиот град бил наменет за династиите Минг и Чинг. За време на овие династии, во Забранетиот град живееле 24 цареви.rnrn
rnrnНајпознатата асоцијација за Кина, Големиот кинески ѕид, бил граден повеќе од два века, од страна на неколку династии. Намената на Кинескиот ѕид била да ги заштити земјоделските региони на Кинеската империја од нападите на номадските сточари од северните степи.rnrn
rnrnНајголем дел од светските оризови полиња се наоѓаат во Кина. Биле изградени во вид на тераси, за време на династијата Минг. Најдолгото оризово поле се наоѓа во провинцијата Гуанџи, од кое најнискиот дел е на 380, а највисокиот на 880 метри надморска височина.rnrn
rnrnВо југоисточниот дел на Кина се наоѓа провинцијата Хунан, позната по карактеристичните шуми. Дури 80% од територијата на Хунан отпаѓаат на планини и ридови.rnrn
rnrnСекоја година во градот Харбин во Кина се одржува Фестивалот на скулптури од снег и мраз. Освен скулптури, на овој фестивал се изложени и масивни градби изработени од блокови од мраз, земени од реката Сонгхуа, која се наоѓа во близина на Харбин.rnrn
rnrnКинеската Нова година, или празникот на пролетта, е најважниот празник кај Кинезите. Познат е уште како Лунарна Нова година. Прославата започнува на првиот ден од првиот лунарен месец според кинескиот календар и трае 15 дена.rnrn
rnrnКина изобилува со пустини, но и со прекрасни плажи. Најголемата пустина во Кина е пустината Гоби, која постојано се шири и моментално е петтата најголема пустина во светот. Во текот на летото, јужните ветрови се топли и суви, со што се создава идеална клима во крајбрежните области во близина на екваторот.rnrn
rnrnДенес Кина има десетици градови со над еден милион жители. Мешавината од старата автентична и модерната урбана архитектура, многубројните манифестации и природната убавина ја прават оваа земја една од најпривлечните светски дестинации.rnrn

rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
