КАФЕ ПАУЗА

Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовите преку емоционални фотографии

За својот најнов проект „Трагање по нашите чекори“, француските фотографи Карлос Ајеста и Гилом Бресон побарале од 80.000 бегалци, кои морале да се евакуираат од областите во близина на Фукушима, да се вратат на местата кои некогаш добро ги знаеле. Станува збор за процес кој траел 4 години и при кој морале да поминат многу административни препреки. Но, тоа што го нашле таму е свет скоро непрепознатлив за нив, исполнет со длабоки човечки приказни. Погледнете дел од нив…rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrn

Побаравме од поранешните жители од регионот во Фукушима и во некои случаи, вистинските сопственици на одредени локали да ни се придружат внатре во забранетата зона и да ги отворат вратите на овие обични, но сега непријателски места“, велат фотографите.

rnСоочени со камерата, од нив беше побарано да се однесуваат најнормално што можат, како ништо да не се случило. Идејата зад овие надреални фотографии е да го комбинира баналното и невообичаеното, но токму фактите за историската нуклеарна катастрофа им даваат на овие слики автентичност.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrnrnМитори Ито се наоѓа во напуштениот супермаркет во Намие. Овде ништо не се сменило од несреќата. На панелот дури може да се прочитаат и зборовите „Свежи производи“ на јапонски јазик. Веднаш по несреќата, Митори Ито се евакуирала во Минами Аизу поради здравствените ризици поврзани со радиоактивност.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrnrnРиеко Мацумотое се наоѓа во перална во Намие. Таа е нутриционист и советник. На денот на земјотресот, таа работела со клиент од Филипини, кој бил кај неа за прв пат. Таа се подготвувала да ги измери деловите на нејзиното тело кога земјата одеднаш почнала да се тресе.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrnrnКаноко Сато се наоѓа во училишната сала во областа Укедо, уништена од цунамито и останата недопрена после катастрофата. Таа вели дека да не се случел овој проект, никогаш немало повторно да ја види забранетата зона со свои очи.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrnrnШигеко Ватанабе водела мала компанија за печатење во центарот на Намие. Таа никогаш повеќе нема да го отвори својот бизнис и лично смета дека деконтаминацијата е бесмислена бидејќи никој нема да се врати да живее назад. Владата притискала луѓето да се вратат во своите градови, но според неа градот Намие ќе биде уништен.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrnrnКацујуки Јашима e во својата работилница. За време на катастрофата тој и неговата жена имале 15 вработени. Неговата компанија нема повторно да се отвори и тој не очекува дека тие ќе се вратат да живеат во Намие. Тој вели дека нема да се врати бидејќи не може повторно да го отвори стариот бизнис. Според него Намие за 10 години ќе стане град на духови.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrnrnЈасуши Ишизука се наоѓа во јапонска игротека во градот Томиока. Зградата била силно погодена од земјотресот и останала напуштена после катастрофата.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrnrnСецуро Ито е ветеринар. Тој се грижи за животните, посебно за кравите кои живеат во забранетите зони. Сега тој се наоѓа во напуштен бар. Ито ја напуштил Јапонија за да живее во Бразил кога имал 30 години, но после 11 март решил да се врати во неговата земја и да им помага на фармерите во забранетата зона. Тој сега живее во градот Фукушима.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrnrnКазухиро Онуки се наоѓа во својата стара куќа во Томиока. Пред несреќата, тој имал книжарница и продавница за јапонска керамика, но бил ограбен неколку пати како резултат на несреќата и сите вредни нешта од неговиот дом биле украдени. Оваа соба ја доловува атмосферата во неговата куќа денес. Тој се евакуирал во Токи заедно се неговото семејство. Никогаш не би се вратил да живее во својот дом.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrnrnХидемаса и Мичико Отаки се фотографирани во нивниот стар фризерски дуќан во Томиока, градот кој беше силно погоден од цунамито и евакуиран по нуклеарната катастрофа која следувала. Таа работела како фризерка повеќе од 40 години. Кога се случила несреќата имала клиенти. По инцидентот се селеле од едно во друго засолниште и таму почнала да ги средува фризурите на луѓето сместени во засолништата.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови