КАФЕ ПАУЗА

Смуди против акни: Рецепт од козметичарката која се грижи за лицата на славните

Иако постојат многубројни креми и лосиони против акни и за одржување на здрава и мека кожа, сепак ако сте склони на акни најдобро е да се лечите однатре. При овој процес може многу да ви помогне познатиот рецепт на козметичарката Абигејл Џенкинс која се грижи за дерматолошкото здравје на многу славни дами. Нејзиното моќно зелено смуди ги ублажува процесите кои предизвикуваат воспаление на кожата и одлично делува против акните.rnrnСмуди против акни: Рецепт од козметичарката која се грижи за лицата на славнитеrn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • сок од половина лимон
  • rn011

  • половина од една помала краставица
  • rn011

  • една рака свеж спанаќ
  • rn011

  • два помали листови кељ
  • rn011

  • една кафена лажичка семки од анасон
  • rn011

  • една кафена лажичка рендан свеж ѓумбир
  • rn011

  • едно јаболко или круша за засладување
  • rn011

  • 200 милилитри вода
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnСтавете ги сите состојки во блендер или апарат за правење смуди и добро промешајте сѐ додека состојките не се соединат. Во продолжение прочитајте и зошто комбинацијата на овие состојки е клучна за здравјето на вашата кожа. rnrnКраставица – Богата со витамин А и калиум, ги смирува акните и ја разладува кожата.rnrnСемки од анасон и ѓумбир – Делуваат против воспаленијата на кожата.rnrnЛимон – Го прочистува црниот дроб и помага во ослободувањето од токсините кои предизвикуваат воспаленија и акни на кожата.rnrnСпанаќ и кељ – Богати со хлорофил и антиоксиданси, помагаат во заздравувањето на кожата.