КАФЕ ПАУЗА

Која европска земја е најдобра за живеење и работа во 2019 година?

Која европска земја е најдобра за живеење и работа во 2019 година?

Сите ние барем еднаш сме размислувале каков би ни бил животот во друга земја. Кои и да се причините поради кои сте посакувале да ја напуштите земјата каде што живеете и да се преселите во подобра, сигурно дека за таков чекор потребна е силна решителност. Ако сте донеле таква одлука и решени сте да го промените местото на живеење, сигурно се прашувате која земја е најдобра за живеење и работење?rnrnКоја европска земја е најдобра за живеење и работа во 2019 година?rnrnСо економската клима од земјата задоволни се 80% од испитаниците додека дури 86% од нив искажале задоволство и од политичката ситуација.rnrnШвајцарија е прогласена за најдобра земја за живеење и работа. Оваа мала европска земја според листата на банкарската корпорација на Хонгконг и Шангај го симнала Сингапур од тронот кој цели пет години ја носел титулата за најдобра земја.rnrnВисокиот животен стандард, конкурентните плати, но и стабилната политичка и економска слика на државата во голема мера ѝ помогнале да се искачи за седум места во ова време на глобална несигурност.rnrnОколу 82% од луѓето кои се преселиле во Швајцарија поради работа изјавиле дека уживале во подобар животен стандард споредено со нивната држава.rnrnИмено, дури седум од десет од оние кои се преселиле таму сега уживаат во поголемо ниво на расположлив доход со годишна просечна плата од 111.87 долари – што е многу поголема бројка од глобалниот просек од 75.966 долари.rnrnПокрај Швајцарија и Сингапур на врвот се сместени и Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Австралија, Турција, Германија, Обединетите Арапски Емирати и Виетнам.rnrnДознајте и кои се најдобри градови за живеење во овој момент.