На сите ни е веќе добро познато дека маслиновото масло, покрај што се користи во подготовката на храната, наоѓа големи примени и во повеќе различни аспекти од животот: Од чистењето на домот до убавината и негата на кожата. Во продолжение прочитајте ги овие 6 алтернативни употреби на маслиновото масло за кои можеби не сте знаеле и кои сигурно ќе ви помогнат во справувањето со некои од секојдневните проблеми.rn
1. Справување со суви пети
rn
rnrnМаслиновото масло е најдоброто решение за проблемот со сувите и испукани пети. Пред туширање, направете пилинг на стапалата за ги отстраните мртвите клетки на кожата. Откако ќе се истуширате, наместо крема, нанесете одредена количина маслиново масло. Облечете чорапи и отспијте во нив – наредното утро вашите стапала ќе бидат меки и мазни.rn
2. Нега на кожата околу ноктите
rn
rnrnЗа кожата околу ноктите секогаш да ви биде нежна и хидрирана, редовно премачкувајте ја со мала количина маслиново масло. На тој начин кожата на дланките ќе ви биде здрава и негувана, а ноктите ќе ви бидат многу поцврсти.rn
3. Чистење на четките за шминка
rn
rnrnНе морате да трошите пари за средства за чистење на четките за шминка. Во една чаша промешајте малку маслиново масло со детергент за миење садови и во неа ставете ги четките. Така ќе ги отстраните сите нечистотии и остатоци од производите, а поради маслото, четките ќе бидат многу помеки од претходно.rn
4. Пилинг за усни
rn
rnrnВо една чинија направете смеса од мед, шеќер и маслиново масло и со неа нежно протријте ги усните. На тој начин успешно ќе ја отстраните мртвата кожа, а кога ќе ги измиете усните од оваа мешавина, ќе бидете изненадени од нивната мекост.rn
5. Отстранувач на шминка
rn
rnrnНа памук нанесете малку маслиново масло и со него поминете преку очите и лицето. Маслиновото масло ќе ги собере сите производи од кожата и ќе го остави вашето лице чисто и свежо.rn
6. Маска за коса
rn
rnrnВо микробранова печка загрејте маслиново масло на неколку секунди и нанесете го на косата. Оставете го да делува 20 минути, а потоа измијте ја косата на начин на кој вообичаено го правите тоа. Маската од маслиново масло дополнително ја хидрира вашата коса и кожата на главата.
