Како ќе се справите со „жедта за повеќе“ откако ќе излезете од кино на 17-ти декември?rnrn
rnrnПостојат две опции. Знаејќи дека ќе треба да чекаме месеци и месеци за новиот филм од серијалот „Војна на ѕвездите“, може да си ја смириме жедта со нашите солзи, или да се утешиме со еден пијалак од овие официјални ѕвездени чаши.rnrnСетот се состои од шест чаши на кои се изработени небесните тела од епизодите IV-VI: Alderaan, Dagobah, Hoth и Tatooine, месечината на Endor, и смртоносната Death Star. Произведени од „Think Geek“, овие моќни пехари можат да соберат безмалку 300 мл течност.rnrn
rnrnПа, разбудете ја вашата темна страна или прославете ги празниците што доаѓаат во џедај стил!
Планетарни чаши за пиење ги прикажуваат познатите планети од „Војна на ѕвездите“
