КАФЕ ПАУЗА

6 начини да ја задржите позитивната енергија дури и во најтешките моменти

Независно дали тежината од поголемите проблеми во вашиот живот ве турка надолу или сте се разочарале од некоја текстуална порака од вашите најблиски, природата на човечкиот стрес ве тера да влезете во еден режим на преживување. Вашиот карактер може да се промени и често не на добро. Не само што ќе се чувствувате лошо со тоа што се однесувате лошо со другите, туку и вашиот внатрешен критичар ќе сака да излезе на површина во што поскоро време. Во тој контекст, прочитајте како можете да вежбате самопочит и љубов кон себе и да останете позитивни дури и во најстресните ситуации.rnrn6 начини да ја задржите позитивната енергијаrn

1. Останете смирени

rnКористете го вашето тело за да го оживеете вашиот посреќен и попаметен мозок. Забавете го дишењето и длабоко дишете за да внесете што повеќе кислород и да ја подобрите работата на мозокот. На тој начин поуспешно ќе ја пренасочите својата изгубена перспектива.rn

2. Разјаснете ги работите

rnФокусирајте се на она што сметате дека е надвор од вашата контрола. Во стресните периоди, човекот природно ги преувеличува работите, ширејќи го чувството на неуспех насекаде околу себе, без претходно да размисли што е тоа што ментално го предизвикува. Кога ќе се запрашате што е тоа што не можете да го контролирате, тогаш ќе можете правилно да го идентификувате и адресирате проблемот и да пронајдете соодветно решение.rn

3. Бидете љубопитни

rnОлицетворете го својот истражувачки карактер и запрашајте се каква лекција можете да научите од ситуацијата низ која моментално поминувате. Поставувањето прашања ги активира фронталниот череп и креативноста, но и ја проширува перспективата. Што е тоа што би ве трансформирало од жртва во војник?rn

4. Бидете храбри

rnПретставувајќи се себеси и мислејќи дека сте похрабри и помоќни од предизвикот со кој се соочувате може значително да го подобри крајниот резултат и да ги намали ефектите од стресот врз телото и умот.rn

5. Покажете сочувство

rnСочувството и емпатијата е уште еден начин со кој ќе си помогнете да станете подобра личност која ќе ја поседува силата, а не слабоста. Посебно кога треба да бидете емпатични кон самите себе. Кога последен пат сте биле љубезни кон себе како што сте биле љубезни кон своите пријатели?rn

6. Бидете благодарни

rnФокусирајте се на чувството на благодарност и ценење за да ослободите хемикалии во организмот кои ќе се борат против хормоните на стресот. Можеби не можете да го промените светот, но затоа можете успешно да ја промените ситуацијата во која се наоѓате на подобро и да ги решите сите проблеми кои ве прават нервозни и анксиозни.