Добриот стил не подразбира дека треба да трошите премногу пари и да ги поседувате сите тренди парчиња. Еве неколку совети благодарение на кои ќе успеете да бидете добро облечени оваа есен, а патем ќе потрошите помалку пари.
rn
1. Дознајте кои се вашите најдобри атрибути и на кој начин да ги истакнете
rnНајсексапилен дел од женското тело не мора да бидат градите, задникот или нозете. Можеби не сте биле свесни за тоа, но клучната коска или зглобовите на рацете се делови од телото кои се сметаат за екстремно женствени. Нагласете ги со добро парче накит или облека.rn
2. Важно е да го знаете обликот на вашето тело и кои кроеви најдобро му стојат
rnПарчињата со трапезоиден крој стојат добро на секој облик на тело, ако знаете добро да ги избалансирате пропорциите и притоа да не ја изгубите формата. Исто така, за сантиметар подолго или пократко здолниште или панталони може да направат голема разлика за изгледот на вашата фигура.rn
3. Добриот кројач е исто така многу важен
rnТој може да ги претвори евтините парчиња да изгледаат скапо и како да се скроени за вас. Тој може вашата стара блуза или здолниште да го трансформира во потполно ново тренди парче, како на пример, кроп топ.rn
4. Правилниот избор на долна облека секогаш може да ја истакне фигурата
rnМногу дами не знаат колку различни видови долна облека постојат во продажба, а вистинскиот избор на едно такво парче може да ја направи вашата силуета попривлечна.rn
5. Слоевитото облекување е одлично за премин од сезона во сезона
rnНа пример, може да облечете бела кошула-фустан со дебели црни хулахопки, чизми и преголема јакна и на тој начин ќе ја избалансирате леснотијата на материјалот од фустанот, а како резултат ќе добиете одлична тренди комбинација.
rn
6. Поседувајте парче кое одговара на секој облик на тело
rnСекој треба да поседува барем еден фустан со трапезоиден или со А-крој, бидејќи тие одговараат на секоја фигура. Внимавајте на пропорциите, бидејќи премногу материјал може да ве „преголта“, а вашата фигура да не изгледа привлечно.rn
7. Немојте да штедите на добро сако или јакна
rnТоа се клучни парчиња кои може да ги носите со години и да ги комбинирате на безброј начини, па оваа инвестиција и тоа како се исплатува.rn
8. При избор на фармерки не ја гледајте цената, туку кројот и материјалот
rnЕвтините фармерки може да изгледаат феноменално доколку знаете да ги изберете идеалниот модел и боја.rn
9. Запрашајте се дали одредено парче можете да го носите во текот на целата година
rnАко не сте сигурни, исфрлете го. Не мислете на парчињата поединечно, туку на колку начини можете да ги комбинирате. Ако одредено парче не можете да го искомбинирате со ништо, најдобро е да го тргнете настрана.

