Зошто сме зависни од слатките и убави работи?
Сте се запрашале ли некогаш зошто ги обожаваме слатките работи како животинките, бебињата па дури и естетски убавите предмети? Зошто кога ќе погледнеме некое видео или фотографија од слатки зајачиња, добиваме потреба буквално да ги изедеме? Во продолжение прочитајте за нашата зависност од слатките и убави работи врз кои секојдневно се изложуваме и кои имаат интересни ефекти врз нашето однесување и расположение…
Историја
Овој тренд има длабоки корени. Уште во 40-тите години на минатиот век, професорот Конрад Лоренс се занимавал со убавината и реакциите кои таа ги предизвикува. Големата глава, големите очи и кружното лице биле карактеристиките за кои заклучил дека предизвикуваат чувства на грижа и нежност кај луѓето. Дали зборувал за Хелоу Кити или загрозените кинески панди? Сеедно, и двете одговараат на описот.
Зависност
Неодамна е направена една студија во која се тврди дека кога човекот ќе здогледа слатко маченце или кутре, длабоко во мозокот настанува една хемиска реакција која се одвива во истиот дел од мозокот кој реагира позитивно на храната, сексот и дрогата. Дали тоа значи дека убавината е новиот тип физичка зависност? Ако судиме по бројните прегледи на видеа од слатки животинчиња на Јутјуб, тогаш одговорот би бил потврден. Покрај децата, десетици милиони луѓе постари од 18 години барем еднаш пребарувале некој поим кој е поврзан со слатки суштества.
Лек
Научниците Шридхари Дасел и Франческа Џино спровеле едно интересно истражување во кое половина од испитаниците биле оставени во соби со играчки, а другата половина во соби без нив. Оние кои си играле со играчките, помалку лажеле и покажале поголема емпатија кон колегите и повеќе се сочувствувале со нив, за разлика од испитаниците кои биле во собите со предмети за повозрасни. Се утврдило и уште нешто: Возрасните се помалку склони на лажење и се поподготвени да се вклучат во некои друштвени активности ако се опкружени со потсетници од минатото, поточно со мечиња. На некои од мажите им помогнале фудбалските топки, на жените некои интересни аксесоари од тинејџерските години, а на сите им помогнале фотографиите од децата и животните.
Само да е убаво
Дизни беше првиот човек кој ја сфатил оваа крилатица. Мики Маус доживеал драстични трансформации пред да го добие ликот кој го носи денес. Првите слики од големиот глушец со неговиот изглед во подоцнежните периоди се поврзуваат само со големи уши и бели ракавици. Сѐ останато станало многу поубаво и послатко.
Мојот мил автомобил
Убавината се преселила и на материјалните добра. Пиеме засладено кафе, носиме убава облека, а најдобар пример се и автомобилите Мини Купер, Смарт, Фиат 500 и Мазда МХ-5 – најистакнатите претставници на таа нова потрага по мали и убави работи кои нивните сопственици ги третираат како да се живи суштества, ги негуваат, ги пазат и за секоја промена известуваат на социјалните мрежи.
Убавите работи се наоѓаат и на нашето мени. Наместо традиционалните рецепти, кои станаа премногу рустични, луѓето сѐ почесто се склони на крофни со шарени трошки и украси, мафини, слатки колачиња во сите бои и вкусови. А, тука се и чиниите во пастелни бои, најразличните нотеси, пенкала и слични предмети.
Јапонија е мајката на сите слатки работи
Интернетот не е ни најмалку виновен: Спротивно на популарните мислења, тој не ги промени нашите вкусови, туку ги направи убавите работи подостапни. Од каде потекнува таа желба за убавина? Некогаш децата не можеа да дочекаат да пораснат за да можат да ги прават сите забранети работи. А, потоа возрасните одлучија дека им е доста од зрелоста, па се враќаат во детството, се разбира фигуративно. Поентата на културата на убавината е во нежноста. Таа е тука за да ги смири сите мозочни ситници и да го разбуди детето во нас.
Па, тогаш, кој е крив за овој тренд на убавина? Сите го вперуваат прстот во Јапонија. Земјата на сонцето е прогласена за престолнина на убавината. Секоја нивна префектура има сопствена, многу слатка и убава маскота, исто како што имаат и сите јапонски компании. Во метрото во Токио, сите патокази се испишани во облик на дијалог помеѓу слатки ликови, а националната јапонска авиокомпанија своите авиони ги илустрира со малиот Пикачу од „Покемон“, како и познатото маче Хелоу Кити.
Мечиња во домот
Лудилото за убавите и слатки работи е облик на носталгија за поминатото детство. Во Велика Британија неодамна се спровело едно истражување за студентските навики. Многу од студентите признале дека во студентските домови, покрај нивните книги и облека, ги донеле и своите плишани играчки. Девојките го правеле тоа во поголем процент, а кога професорот ги запрашал своите машки колеги колкумина од нив сѐ уште се поврзани со своите мечиња, забележал дека оние студенти кои ја дигнале раката имале подобри оцени и потрајни интимни врски.