Многу шминкери ќе ви кажат дека ефективниот кармин е доволен. Со малку пудра и маскара, вашиот стајлинг е исполнет. Оваa есен ќе се носат токму такви кармини – ефективни, моќни и такви кои ќе ги истакнат вашите усни. Во продолжениe ќе погледнете 5 нијанси кои се апсолутен хит за оваа есен. Слободно експериментирајте!rnrn
rn
1. Марсала боја на кармин
rnМешавината на сина и црвена нијанса е бојата која оваа есен ја носат моделите на модните недели ширум светот. Истакнете ги вашите усни, нека тие бидат во прв план. Со овој кармин доволно е да додадете само неколку слоја црна маскара.rnrn
rn
2. Неутрални мат усни
rnАко не сте смели или не сте сигурни дека темните нијанси на кармин добро ви стојат, тука и понатаму се неутралните „голи“ усни, кои сè уште не излегле од мода. Со оваа варијанта одлично се вклопуваат зачадени очи.rnrn
rn
3. Незаменливата црвена
rnСекогаш е во тренд, а се чини дека секоја сезона сè повеќе и повеќе. Заводничка, дава посебен сјај на вашето лице, а стана дел од секојдневието, бидејќи можете да ја носите и во дневни и во ноќни варијанти.rnrn
rn
4. Црвена мат нијанса
rnУште една црвена нијанса, но овој пат во мат варијанта. Мат шминката сè повеќе зазема место меѓу новите бјути трендови, затоа не мислете двапати. Мат кармините комбинирајте ги со мат лакови за нокти, бидејќи тоа е вистински погодок за оваа сезона.rnrn
rn
5. Мистериозно виолетова
rnНијанса која е одлична за работен стил. Со неа можете да комбинирате и различни нијанси на сенка за очи и малку руменило на лицето.rnrn