КАФЕ ПАУЗА

Бистар ум, остар јазик: Пијалак кој ја зголемува интелигенцијата

Готу кола (латински: Centella asiatica) е билка која ја има способноста да го подобри секој аспект на менталното здравје. Станува збор за повеќегодишно растение со потекло од Индонезија, Индија, Јапонија, Кина, Шри Ланка и Јужна Африка. Тоа расте во вода и околу неа, а неговите листови се користат како лек. Готу кола е една од многуте билки кои го привлекоа светското внимание токму поради својата улога во подобрувањето на меморијата, продолжувањето на животниот век, како и големиот број други позитивни влијанија врз здравјето.rnrnБистар ум, остар јазик: Пијалак кој ја зголемува интелигенцијатаrnrnЕдна од главните карактеристики кои одамна се припишуваат на ова растение е неговата способност да го зголеми нивото на менталната јасност. Поради тоа, во традиционалната индиска и кинеска медицина, екстрактот од готу кола се користи за зајакнување на способноста за учење, подобрувањето на меморијата, па дури и како средство за освежување на изгубеното сеќавање.rnrnВо Заводот за фармакологија, „All India Institute of Medical Sciences“ во Њу Делхи, се покажало дека водениот екстракт на готу кола ги зголемува когнитивните способности и го спречува нивното опаѓање. А, когнитивната интелигенција т.е. нејзиниот коефициент (IQ) е нашата умствена способност да запазуваме, анализираме, истражуваме, донесуваме заклучоци и да решаваме редовни и вонредни задачи во својот живот. Со тоа што оваа билка е богата со витаминот Б комплекс се потврдува и нејзиниот позитивен ефект врз мозокот.rnrnБ витамините во организмот учествуваат во процесот на претворање на јаглехидратите во гликоза и на тој начин го овозможуваат правилното функционирање на нервниот систем и мозокот. Меѓутоа, гликозидите, освен шеќер, содржат уште една компонента – агликонот, кој пак може да биде токсичен. Затоа, со готу кола не смее да се претерува. Дозирањето треба да се извршува по упатството на произведувачот и најдобро е по употребата од 2 недели да се направи исто толку долга пауза. Лицата постари од 65 години треба да земаат помала доза на готу кола.rnrnБистар ум, остар јазик: Пијалак кој ја зголемува интелигенцијатаrnrnОва растение никако не се препорачува за деца. Исто така, не се препорачува со лекови кои влијаат на црниот дроб (како што се лековите за намалување на нивото на холестерол во крвта), бидејќи ќе се зголеми ризикот од негово оштетување. Притоа, не се препорачува ниту во комбинација со средства кои имаат седативно дејство (како што е на пример валеријаната). Бидејќи готу кола може да дејствува на зголемување на нивото на шеќерот во крвта, лицата со дијабетес не би требало да ја употребуваат ова билка без претходна консултација со лекар. Лицата со историја на преканцерогени или канцерогени кожни лезии, како што се меланомот, не би требало да консумираат готу кола бидејќи според научните истражувања спроведени врз глувци, се покажало дека се поттикнува растот на канцерогени клетки на кожата. Високата доза и претераната употреба на готу кола кај здравите лица може да предизвика мачнина, вознемиреност на желудникот, поспаноста или главоболка.rnrnДоколку оваа билка не ви е достапна, тогаш обидете се со следниов природен лек кој скоро и да нема негативни последици: Ставете во тегла еднаква количина квалитетно црно, суво вино и маслиново масло. Добро затворете ја теглата и оставете да отстои во фрижидер 7 дена. Протресувајте ја теглата повеќе пати во денот. После 7 дена, пијалакот е спремен за употреба. Пијте по две лажички пред јадење, 3 до 5 пати дневно.