КАФЕ ПАУЗА

12 нешта што милениумците мора да им ги објаснуваат на нивните родители

12 нешта што милениумците мора да им ги објаснуваат на нивните родители

Слободно може да се каже дека милениумците се многу неразбрани од нивните родители. Од трендови и стил, до приоритети и технологија, факт е дека нивниот живот е многу поразличен во споредба со оној на родителите. Се разбира, сигурно не очекувате мајка ви и татко ви да знаат сè за Фејсбук, Инстаграм или Снепчет, но понекогаш е навистина смешно колку не ги разбираат вашите шеги и пораки. Па, погледнете кои се 12-те нешта што постојано мора да им ги објаснувате на вашите родители.rnrn12 нешта што милениумците мора да им ги објаснуваат на нивните родителиrn

1. Како функционираат апликациите за состанување

rnВашите родители немале нешто вакво. Подгответе се да објаснувате како може да ви се допадне некоја личност само од фотографија и неколку реченици. Исто така подгответе се за долг разговор за тоа како вашите родители се вљубиле без помош на овие апликации.rn

2. Зошто постојано ја фотографирате вашата храна

rnПовеќето луѓе ги фотографираат милениците, достигнувањата и прославите. Но, штом ќе направите фотографија од вашата чинија, мора да им објасните на родителите дека вашиот оброк е навистина фотогеничен и не сакате да го заборавите.rn

3. Како вашата работа од дома е вистинска работа

rnГолема е веројатноста вашите родители да се навикнати на нормалното работно време од 8 до 16 часот. Кога ќе им кажете дека работите од дома, мора да им ги објасните сите детали. За среќа, на крај сигурно ќе бидат воодушевени од вашиот успех.rn

4. Концептот „Нетфликс и опуштање“

rnВо овој случај имате два избора. Можете навистина да им кажете на што се однесува оваа фраза, или едноставно да им кажете дека ќе гледате некоја серија со друштвото.rn

5. Двопек со авокадо

rnОвој едноставен оброк станува сè попопуларен. Навистина е вкусен и ве заситува. Вашите родители веројатно се прашуваат дали воопшто го јадете бидејќи постојано го фотографирате.rn

6. Што значи да се живее најдобриот живот

rnДали некогаш сте им кажале на родителите дека едноставно сакате да го живеете најдобриот живот? Тие сигурно знаат дека станува збор за нешто позитивно, но сепак потребно е детално да им објасните.rn

7. Кратенките што ги употребувате во пораките

rnНема личност која не користи кратенки кога пишува пораки. За вашите родители ова е целосно непознат јазик.rn

8. Зошто употребувате емотикони за комуникација

rnОдговарањето со емотикони воопшто не е неучтиво. Понекогаш не знаете што да кажете, но вашето лице може да каже многу. За среќа, за тоа постојат емотиконите. Можеби ќе почнат и тие да ги употребуваат штом добро ќе им ги објасните.rn

9. Од каде ги добивате сите новости

rnВашите родители никогаш не ве виделе да читате весник, но свеснисе дека ги знаете најновите настани. Можеби ќе сфатат дека социјалните мрежи се најдобриот медиум што постои денес.rn

10. Зошто ви требало толку долго да ја прифатите нивната покана за пријателство

rnИнтернетот може да биде навистина искрен кога не треба. Вам ви е јасно дека пред да ја прифатите нивната покана за пријателство на Фејсбук треба да им објасните дека не треба да ја анализираат секоја ваша објава.rn

11. Како јавна личност може да го „скрши“ Интернетот

rnСпоред вашите родители, Интернетот не е нешто што можете да го допрете, ниту пак да го скршите. Па, кога ќе слушнат дека некоја позната личност го срушила Интернетот, мора да им објаснувате за што всушност станува збор.rn

12. Како може да ви биде, но и да не ви биде криво

rnРодителите секогаш ве учеле да се извинувате искрено. Кога прв пат сте се извиниле, а потоа сте кажале дека не ви е криво, вашите родители сигурно биле збунети. Вашиот сарказам ви донел неволја.rnrnДознајте и кои се најчестите причини поради кои милениумците посетуваат психолог.