Ако се обидуваме да ги согледаме работите подетално, во сè што постои можеме да најдеме подлабоко значење. Треба само да се трудиме да се разбираме едни со други и како човечки суштества да покажуваме љубов и почит. Секогаш постојат начини што може да ни покажат како да ја видиме љубовта и како на сите луѓе да гледаме како на еднакви суштества. Токму тоа го направило едно младо девојче, преку објавувањето фотографии на Снепчет.rnrn
rnrnТаа не ни очекувала дека ќе биде забележана од светот. Станува збор за 12-годишната Нур Кан, којашто додека подготвувала вечера со нејзината сестра, испратила фотографија. Всушност, имало две фотографии, од компири.rn
„Само помислив ‘Ќе ги ставам на Снепчет’“, објаснува Нур.
rnСестрата на Нур, Марија, побарала од неа да ѝ помогне со подготовката на оброкот, но не го очекувала она што се случило. Кога Нур ги лупела компирите, таа фотографирала неизлупен компир и го објавила со објаснување:rn
„Луѓето се како компири. Бојата на кожата или ознаките не се важни.“
rnПотоа ја објавила и втората фотографија, овој пат со излупен компир, објаснувајќи:rn
„Затоа што сите се исти откако ќе им се отстрани кожата.“
rnПостарата сестра, Марија, го споделила ова на Твитер, каде што сликите достигнале до голем број луѓе. Таа вели дека е горда на нејзината сестра и на нејзиното длабоко размислување – дури и кога станува збор за компири.rnrnОваа убава порака е универзална. Сите треба да размислуваме дека бојата на кожата воопшто не е важна и да погледнеме подлабоко во секое човечко битие. Најчесто децата се оние коишто умеат да ја согледаат убавината и еднаквоста во луѓето, па, зошто да не ни бидат пример и нам?