Многу жени веруваат дека првите знаци на стареење се појавуваат на лицето и вратот, па токму затоа и обрнуваат посебно внимание на овие делови од телото со цел да ја спречат појавата на брчките. Но, научно е докажано дека ниту лицето, ниту пак вратот стареат најбрзо. Епа тогаш на што треба да обрнете најголемо внимание? Според научниците – на градите.rnrn
rnrnИстражувањето кое било објавено во списанието „Genome Biology“ ни покажува дека најчувствителното и најтенкото ткиво на градите е најподложно за појава на првите знаци на стареење. Градите се секојдневно изложени на бројни фактори кои можат да го поттикнат стареењето и да предизвикаат тие да виснат. Пред сè, големите промени во нивната големина по слабеењето или дебелеењето, како и бременоста, можат да предизвикаат растегнување на кожата и ткивата кои ја смалуваат нивната еластичност. Секојдневната нега на кожата на градите со хидратантна крема, исто како што го негувате и лицето, може да ви помогне многу при забавувањето на овој процес.rnrnДругиот голем непријател на кожата на градите е сонцето, кое значително го забрзува стареењето и исто така предизвикува кожата да изгуби еластичност. Кога носите деколте, особено во летните денови, не заборавајте да нанесете заштитен фактор со цел да ја заштитите вашата кожа. Дури и да е облачно, практикувајте да нанесувате заштита бидејќи штетните сончеви зраци успеваат да најдат начин да се пробијат.rnrnСо неколку зборови, вашата дневна рутина за нега на кожата не ја ограничувајте само на лицето и вратот, туку проширете ја и на градите и деколтето со цел да ја забавите првата појава на знаците за стареење.
Не е ниту лицето, ниту вратот: Еве кој дел од телото најбрзо старее и како да го спречите тоа
