10 инспиративни совети од Екарт Тол кои ќе ве одведат на патот кон среќата
Највисоката цел која можете да си ја поставите пред себе е да пронајдете мир и да се помирите со својот живот без оглед на ситуацијата во која се наоѓате. Примарниот причинител на несреќата никогаш не е таа ситуација, туку мислите кои ги создаваме во неа. Наместо да измислуваме приказни, треба да се држиме до фактите. Во продолжение следуваат 10 совети на познатиот духовен учител Екарт Тол кој тврди дека среќата не треба да се бара.
„Доколку ја барате среќата нема да ја најдете бидејќи барањето ве води во спротивна насока од неа. Среќата сама по себе е недостижна, но возможно е да се постигне ослободување од несреќата преку соочувањето со стварноста, а не бегањето од неа.“
Ослободете се од егото
1. Обидете се да го уловите гласот во вашата глава кој изгледа како во секој момент да се жали на нешто. Препознајте го како глас на егото и кога и да го слушнете бидете свесни за тоа да не ве претставува вас. Во позадина е свесноста, а напред се наоѓа гласот – мислителот. На овој начин станувате ослободени од егото, ослободени од такви мисли.
2. Каде и да погледнете постојат толку показатели на минливоста на времето: Јаболко кое скапува или вашето лице во огледалото во бањата во споредба со фотографијата која е направена пред 30 години. Сепак, никогаш нема да најдете директен доказ, бидејќи едноставно не можете да го искусите времето – можете да го искусите само моментот во кој се наоѓате.
3. Зошто се појавуваат анксиозноста, стресот и негативниот став? Тоа е така затоа што го оттргнувате моментот во кој се наоѓате од себе. А, зошто го правите тоа? Мислите дека нешто друго е поважно, а тоа е мала грешка? Доволно е само едно погрешно сфаќање на ситуацијата да создаде еден цел свет на патење.
Со прифаќањето на сегашниот момент можете да пронајдете совршенство
4. Луѓето се уверуваат дека среќата зависи од работите кои им се случуваат. Притоа не сфаќаат дека случувањата се одвиваат прилично спонтано и независно едни од други. Светот е во постојана промена, а со прифаќањето на сегашниот момент можете да пронајдете совршенство кое не може да се наруши со времето, бидејќи е независно од него. Што повеќе ве поврзува минатото со некоја личност, толку повеќе треба да живеете во сегашниот момент, инаку ќе бидете присилени одново да го преживувате минатото.
Сконцентрирајте се на хранливите материи
5. Изедначувајќи се себеси со физичкото тело секогаш води до патење бидејќи телото е осудено на стареење и смрт. Тоа не значи дека не треба да се грижите за него.
6. Телото е силно, прекрасно, полно со живот и можете да уживате во неговите атрибути сѐ додека траат. Исто така можете да ја поправите својата состојба со исхраната и редовното вежбање.
7. Ако не се изедначувате себеси со своето тело, кога неговата убавина и сила ќе исчезнат, нема да се чувствувате немоќни, ниту ќе ви се наруши самодовербата или разбирањето на своето битие.
8. Кога вашето тело почнува да слабее повеќе нема да се концентрирате на хранливите материи кои се навистина важни.
9. Со обидот да бидете добри нема да постигнете доброта, но со пронаоѓањето на добротата која веќе е внатре во вас, ќе ѝ дозволите да излезе на виделина.
10. Доколку мирот е она што навистина го сакате, тогаш секогаш ќе го избирате!