Хрватска е комбинација од природна убавина, богата и фасцинантна историја, фантастично локално вино и кристално чисти сини мориња. Земјата постепено ги освојува срцата на луѓето со своите исплатливи аранжмани за одмор кои нудат сензационално и магично искуство. Хрватска е сместена помеѓу Балканот и Централна Европа и го меша стариот светски шарм со средоземниот одблесок. Во продолжение погледнете ги најдобрите места кои дефинитивно треба да ги посетите во Хрватска следен пат кога ќе бидете таму.rn
1. Плитвички езера
rn
rnrnСместени помеѓу Загреб и Задар, Плитвичките езера се првиот национален парк во Хрватска. Тие се прогласени за едно од најубавите места на светот, а пејзажите и околината се инспиративни. Каскадните водопади кои паѓаат во едно од многуте езера заштитени од Унеско, заедно со еден прекрасен спектар на бои едноставно воодушевуваат. Независно дали е есен, кога разнобојните лисја го покриваат паркот, или е лето, кога цутат сите растенија, Плитвице е совршеното место на кое можете да се опкружите со недопрена природа.rn
2. Островот Корчула
rn
rnrnСпоред легендата, најпознатиот истражувач на светот, Марко Поло, бил роден во Корчула. Овој остров изобилува со зеленило, вински лозја и мали и тивки плажи. Тој ни нуди еден интересен приказ на историјата со средновековните кули и калдрмисаните улици, шармантните селца и панорамските погледи кон длабоките сини мориња.rn
3. Римскиот амфитеатар во Пула
rn
rnrnАмфитеатарот во Пула, кој е толку голем што се гледа од сите страни на градот, ќе ве потсети на романтичните прошетки низ римските улици. Амфитеатарот бил користен во Римскиот период за гладијаторски борби кои ги следеле илјадници спектатори и гледачи. Но, има и една романтична стана зад конструкцијата на театарот која вели дека тој бил изграден од императорот Веспасиан како знак за љубов и почит кон неговата љубовница, Антонија Сенида.rn
4. Ровињ
rn
rnrnРовињ го краде угледот на Дубровник како најпопуларното место за посета во Хрватска во последниве неколку години и сосема е разбирливо зошто. Уште пред Источното римско царство да ја преземе контролата, Ровињ бил прекрасен град изграден од илирските племиња и бил едно од најсликовитите места на Хрватското крајбрежје. Тој изобилува со историски руини за истражување и калдрмисани улици кои се преплетуваат во овој необичен град. Убавината на Ровињ најдобро може да се забележи од врвот на кулата со ѕвона на зајдисонце, како што последните зраци ги отсликуваат колоритните згради на морската површина.rnrnУште еден дел кој се истакнува е Стариот град. Древните порти од градот сѐ уште стојат и денес, а биле употребувани за заштита од натрапници. Ова, заедно со атрактивната архитектура, малите рибарски чамци, вкусните тартуфи и вибрантната атмосфера го прават истражувањето на градот едно од највозбудливите работи кои можете да ги направите во Хрватска.rn
5. Островот Локрум
rn
rnrnОстровот Локрум нуди шанса да задржите едно делче од Хрватска за себе. Тука има многу изолирани камени плажи кои се одлични за пикник или за да поминете неколку часа во нуркање, сончање и забава со најблиските. За авантуристичките духови, постои можност да направите тура со кајак и да запловите под древните градски ѕидови на Дубровник. Во секој случај, островот Локрум е место на кое вреди да ги потрошите парите на вашето следно патување во Хрватска.