Данците се меѓу најсреќните народи на светот, а во данскиот јазик има неколку зборови кои го опишуваат нивниот концепт на среќа. Еден од таквите зборови е hygge, а за него веќе се напишани неколку книги и статии. Овој збор можеме да го преведеме како создавање удобна и интимна атмосфера.rnrn
rnrnНеодамна стана актуелен уште еден дански збор, а тоа е pyt. Овој збор нема буквален превод, но претставува концепт на живеење според кој една личност се бори против стресот со позитивни мисли. Иако се работи за данска култура, овој концепт на живеење е применлив кај сите народи и може да ни помогне барем малку да ѝ се приближиме на среќата која ја чувствуваат Данците.rn
Соочување со фрустрациите
rnЗборот pyt обично се употребува како реакција на секојдневните проблеми. Него можеме да го поврземе со изреките „не е битно“, „ваква работа може да му се случи секому“, „заборави на тоа“ итн. Кога на Данците ќе им се скрши чаша во кујната, тие едноставно велат – pyt.rnrnВо сржта на овој концепт лежи прифаќањето. Овој збор им служи на Данците за да ги потсети дека треба да направат чекор назад и да го стават својот фокус на нешто друго, наместо бурно да изреагираат. Пред да го исполнат своето тело со гнев, тие се потсетуваат на овој збор и насмевката бргу им се враќа на лицето.rnrnОвој збор го намалува стресот затоа што претставува искрен обид да се охрабриме и да се оддалечиме од секојдневните фрустрации. Некои дански работодавци сметаат дека ако нивните вработени го користат овој збор кога се под стрес, тие ќе бидат многу позадоволни на работното место.rn
Никој не е виновен
rnМногу истражувања покажуваат дека сме многу посреќни кога сме благодарни за добрите работи кои ни се случуваат, а не ги обвинуваме другите луѓе за оние лошите. Исто така, докажано е дека луѓето кои се расправаат помалку, живеат подолго. Честите кавги и префрлувањето вина зависи од тоа како ги интерпретираме работите кои се случуваат околу нас.rnrnДури и најмалата ситница може да ни го расипе расположението и да го започне лачењето на хормонот на стрес. Замислете се во ситуација во која доцните на работа, а личноста во автомобилот пред вас вози пребавно. Најверојатно ќе почнете да се нервирате и со тоа работите ќе станат многу полоши. Истражувањата покажуваат дека кога ги обвинуваме другите дека се неспособни, глупави или непромислени, тогаш непотребно се ставаме во стресна ситуација.rnrnPyt ги спасува Данците од ваквите ситуации, затоа што со тоа зборче тие решаваат дека нема да се ставаат под стрес поради туѓото однесување, а воедно нема да ги обвинуваат другите за начинот на којшто тие се чувствуваат. Вака тие се поштедуваат од дополнителен стрес, па не е ни чудно што се еден од народите кои живеат најдолго.rnrnПогледнете и како да ја искористите моќта на зборовите за да ги исполните сите ваши желби.