КАФЕ ПАУЗА

Осум намирници коишто со сигурност ќе ви ја ублажат болката во грлото

Болката во грлото може да се појави во кое било годишно време. Најчести причини за ова се инфекциите предизвикани од бактерии и вируси, како и времето поминато во непроветрени простории, а влијание има и склоноста кон алергии. И самите знаете колку е непријатно кога не можете да голтате, а притоа не може да ви помогнат ниту таблетите за грло. Токму затоа погледнете ги овие неколку намирници коишто имаат моќ да ја ублажат непријатната болка.rnrnrn

1. Сладок корен

rnОваа сјајна билка го зајакнува имунитетот, ги уништува бактериите и вирусите и ги ублажува потешкотиите во дишењето. Кога ве боли грлото грицкајте го коренот од ова растение.rn

2. Жалфија

rnЧајот од жалфија веќе одамна е познат како лек за грло. Купете жалфија, ставете една лажичка во зовриена вода, поклопете ја и процедете после 15 минути. Со неа плакнете го грлото неколку пати на ден.rn

3. Сладолед

rnАко мислевте дека токму сладоледот придонесува за вашите болки во грлото, тогаш не сте во право. Болките може да бидат причинети од инфекции и вируси, а сладоледот може само да ви помогне во борбата против нив. Ладните и кремасти намирници прават вашата болка да биде значително ублажена. Сјајна вест, зар не?rnrnrn

4. Банани

rnОва здраво и вкусно овошје лесно проаѓа низ вашето грло, па сигурно ќе ви биде пријатно да го јадете додека ве боли. Не замерувајте го и фактот дека бананата е полна со витамини и дека таа им помага на организмот и на телото на различни начини. Едноставно, бананите секогаш мора да ги имате на дофат!rn

5. Варена зелка

rnАко нешто знаеме за зелката е тоа дека таа е преполна со витамини, но содржи и антиоксиданси коишто навистина може да го излекуваат вашето болно грло. Прелијте ја со малиново масло и уживајте во јадењето на вашиот сојузник во борбата со болката.rn

6. Варен морков

rnДинстани, варени или печени – морковите се толку здрави што ќе ви го зголемат имунитетот и ќе ви ја намалат болката во грлото. Исто така тие се вкусни, а не заборавајте дека се добри и за вашиот тен!rnrnrn

7. Чај

rnТоплиот чај навистина може да го намали воспалението на грлото. Признајте дека тоа е првото нешто по коешто ќе посегнете кога ќе почувствувате болка. На вас останува да го изберете вкусот којшто го сакате и притоа да уживате во овој пијалак. Освен тоа што ќе ви се ублажи болката во грлото, вие ќе се чувствувате опуштени и многу подобри. Мора да додадеме дека доколку пиете зелен чај можете да си помогнете и во намалување на килограмите.rn

8. Мед

rnОваа слатка намирница можеме да ја пронајдеме во многу сирупи за кашлица и таблети за грло. Медот има антибактериски својства и е вистински лек. Земете една лажица мед секој ден или пак ставете ја во чај. Важно е да не го изоставите и откако ќе помине болката во грлото, затоа што медот е премногу здрав и би требало да го консумирате со чаша млака вода и лимон секое утро.rnrnЧувајте се од болките во грлото, но доколку сепак се појават, сега барем знаете што сѐ може да ви биде од помош!