КАФЕ ПАУЗА

6 свежи идеи за паровите кои не знаат како да го поминат Денот на вљубените

Не постои правилно или погрешно мислење за Денот на вљубените. Некои го слават, други го презираат, трети едноставно купуваат две шишиња вино и заспиваат пред телевизорот во топла прегратка, без воопшто да се сетат на денот. Но ако сте решиле да славите, а вие и вашиот партнер едноставно не можете да се согласите како, прочитајте неколку алтернативни идеи.rnrn6 свежи идеи за паровите кои не знаат како да го поминат Денот на вљубенитеrn

1. Се сеќавате на тоа нешто кое планирате да го направите заедно подолго време? Епа, направете го!

rnНе мора да резервирате маса во елитен ресторан и да ја „исцедите“ вашата банкарска сметка поради Денот на вљубените. Наместо тоа сетете се што сте планирале одамна да направите заедно. Можеби сте зборувале да почнете да одите на часови за танцување, но никогаш не сте нашле време. Или можеби сте сакале да посетите некоја винарска визба во околината. Ако сте натпреварувачки расположени, тогаш можеби добро ќе ви дојде една партија пејнтбол. Доста одложувате. Искористете го Денот на вљубените како изговор да пробате нешто ново, дури и тоа да не е романтично.rn

2. Научете нешто ново за вас

rnВеројатно мислите дека го знаете секој детаљ за вашиот партнер, но голема е веројатноста дека не сте во право. Што велите оваа година за Денот на вљубените да останете дома, да заштедите малку пари и да ја искористите вечерта за долг разговор со партнерот?rnНајдете интересни прашања кои ќе можете да си ги поставувате еден на друг и бидете сигурни дека сте искрени. Опфатете ги сите области, од детството, вашата врска, па сè до најголемите стравови. Отворете шише вино, галете се на каучот и откријте каде ќе ве одведат овие прашања.rn

3. Рекреирајте некој состанок од минатото

rnАко не ви текнува нова идеја за Денот на вљубените, тогаш што велите за повторување на моментот кога за првпат сфативте дека сте вљубени еден во друг? Повторно гледајте го првиот филм што сте го гледале заедно, излезете на пиво во барот во кој не сте влегле одамна или одете во театар на претставата што сте ја гледале заедно пред неколку години. Или ако вашиот прв состанок се случил на луда забава, тогаш организирајте мала домашна забава, само за вас двајца.rn

4. Поминете ја вечерта заедно со пријателите

rnАко сакате да ја прескокнете романсата, тогаш зошто да не се видите со пријателите? Можеби секој од вас може да ја помине вечерта со блиските пријатели на кои им е потребно друштво. Вашата пријателка која нема партнер би била среќна ако излезете заедно, а момците во секој случај нема да одбијат да испијат по некое пиво во омилениот бар.rn

5. Испланирајте кратко патување

rnЕве една идеја: Возете час или два надвор од вашиот град, најдете хотел и истражете го местото во кое ќе престојувате. Не мора да патувате во друга држава за да доживеете романтична вечер. Неверојатно е колку нови работи можете да научите од местата околу вашиот град. Колку и да звучи едноставно, една вечер далеку од дома, откривајќи нови интересни барови и пријатна хотелска соба, секогаш може да биде забавно.rn

6. Ако не успее ништо, гледајте филмови.

rnАх, кога „гледањето филмови“ за паровите кои се заедно подолго време, буквално значи гледање филмови. Ако не сте расположени за ништо специјално за овој Ден на вљубените, тогаш не мора да форсирате ништо. Едноставно купете неколку пива, нарачајте пица и гледајте ја омилената серија по десетти пат. Иронично е кога заедно сте мрзеливи на денот кога треба да сте полни со ентузијазам за прославата на вашата љубов. Сепак, на крајот на денот важно е само да најдете заеднички јазик, односно нешто за кое ќе се согласите и двајцата.