5 начини да бидете посреќни и да верувате во вашите желби

Сподели

Сигурно редовно ги слушате желбите на вашите блиски и често се обидувате да ги исполните. Но кога последен пат се помислиле за вашите желби и за тоа дека можат да се исполнат? Ние заглавуваме во нашите рутини и се изморуваме од зафатените животи, па често забораваме да се прашаме што навистина сакаме. Следниве совети ќе ви помогнат да откриете што навистина сакате.

Реклама

rn

1. Верувајте како мало дете

rnШто ако оваа Нова година си дозволите да се радувате како дете кога ја правите листата со желби? Децата не гледаат граница за нивните соништа бидејќи веруваат дека сите желби можат да им се исполнат. Токму оваа верба им е изгубена на многумина. Повеќето сметаат дека реалноста не може да се промени.rn

2. Отстранете ја цензурата

rnКолку приказни знаете во кои децата веруваат во Дедо Мраз и дека животот е магичен? Но штом ќе престанат да веруваат, тој станува дел од митовите. Тогаш тие се тажни бидејќи ја изгубиле магијата. Не ѝ дозволувајте на цензурата да владее со вашиот живот бидејќи така ги намалувате очекувања и вербата во себе.rn

3. Верувајте во бескрајна можност

rnМанифестацијата бара верување во некоја поголема сила. Потребно е да верувате дека оваа сила ќе ги исполни вашите желби. Реалистите се обидуваат да го побијат постоењето на оваа сила. Бидејќи не е научно докажано нејзиното постоење, сите сметаме дека навистина ја нема. Но пробајте да го користите законот за привлекување и забележете ги промените.rn

4. Нека ви биде удобно со вашите верувања

rnСигурно избегнувате да го споделувате вашето воодушевување бидејќи сметате дека ќе изгледате наивно. Но, доволно е тивко да го вежбате за да забележите промена. Колку повеќе желби ќе се материјализираат, толку посилна ќе стане вашата верба.rn

5. Направете листа со желби

rnОставете ја реалноста и бидете во состојба на креативност каде што сè е возможно. Запрашајте се што навистина сакате во животот. Како што ќе ги добивате одговорите, почувствувајте ја радоста низ целото ваше тело. Во наредните денови, одвојувајте само неколку минути и замислете си како би било веќе да ви е исполнета желбата.

Погледнете ги и овие кратки совети за среќа кои треба да си ги повторувате секој ден.

Популарно

Може ќе ве интересира