12 начини да ги разубавите ѕидовите во собата од студентскиот дом

12 начини да ги разубавите ѕидовите во собата од студентскиот дом

Студентите многу добро го знаат овој период од годината, кога конечно завршила напорната и стресна јануарска сесија и конечно можат да земат здив во краткиот период пред почетокот на новиот семестар. И на многумина ви е познато чувството кога седите помеѓу четирите бели ѕидови, обидувајќи се да запаметите најмногу што можете од илјадниците страни распослани по креветот и бирото. Затоа пред да дојде новата напорна сесија, најдете време за да го разубавите катчето во кое поминувате најголем дел од времето. Ова се 12 брзи и лесни совети за декорација на ѕидовите од собата кои ќе ви дадат креативна поддршка.

1. Декорации од хартија

12 начини да ги разубавите ѕидовите во собата од студентскиот дом

Еден од највообичаените начини да им дадете живост на белите ѕидови во собата, е да ги налепите со привремени хартиени декорации. Тие не одземаат премногу простор, а ви оставаат доста можности да бидете креативни при нивната изработка. На интернет побарајте совршен дизајн кој ќе одговара на естетиката во вашата соба.

2. Фотографии

12 начини да ги разубавите ѕидовите во собата од студентскиот дом

Имате безброј фотографии од студентската екскурзија, вашиот омилен семеен одмор или забавната вечер со пријателите, но не знаете што да правите со нив? Купете иглички за облека и една топка предиво и ќе имате креативен начин како секој ден да се присетувате на убавите спомени.

3. Светла

12 начини да ги разубавите ѕидовите во собата од студентскиот дом

Дали некогаш сте помислиле дека вашата соба може да биде чудесно место за бегство како тие од омилените бајки од детството? Закачете новогодишни светилки на вашите ѕидови и бел проѕирен чаршав над нив, со што ќе направите илузија дека над вас е распослано ноќното небо со ѕвезди.

4. Разни форми од огласна табла

12 начини да ги разубавите ѕидовите во собата од студентскиот дом

Овој совет е за студентите кои ѝ придаваат големо значење на организацијата. Купете евтини огласни табли и пресечете ги во различни форми кои ви се допаѓаат. Обесете ги на ѕидовите и на нив закачете распоред за предавањата и вежбите за следната недела.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар