Крај на вирусите преку „добрите“ бактерии

Крај на вирусите преку „добрите“ бактерии

Февруари е месец на настинки, вируси, температури, болки во глава и грло. Период во кој, исто така, се соочуваме и се справуваме со вишокот килограми добиени на празниците. Но и време кога мора да ги сработиме работните задачи кои (не)свесно ги одложувавме во текот на празничниот јануари. И во битката со наталожените „калории“ и купчето работни обврски, секако забораваме на здравјето, што доведува до зголемен стрес и до пад на имунитетот. Затоа, препорачуваме да направите мала пауза во која ќе посветите сериозно внимание на здравјето.

1-kraj-na-virusite-preku-dobrite-bakterii-kafepauza.mk

Освен возрасните, на „удар“ на вирусите и бактериите се и најмладите. Особено што се наоѓаме во сезона на вируси. Децата кои одат в градинка или на училиште се поподложни на бактерии и вируси, иако неретко, заболуваат и дечиња кои не одат в градинка, но на друг начин, преку секојдневната комуникација со тие дечиња.

Дали сте слушнале за постојано одржување и подигнување на имунолошкиот систем со користење пробиотици како најдобар одбранбен механизам против вирусите и настинките? Превентивата не е „удар“ одеднаш, туку е постојан подолгорочен процес на „градење“ на имунолошкиот систем. Пробиотикот се користи За обезбедување здрав Живот. Токму и тоа е неговото суштинско значење како збор, кој потекнува од грчките зборови „pro“ кој значи „за“ и „bios“ кој значи „живот“. Според дефиницијата на Светската Здравствена Организација (WHO) и Организацијата за Храна и Земјоделство (FAO), пробиотиците се „живи микроорганизми кои, дадени во адекватна количина, носат здравствена корист за домаќинот“.

Половина од нашиот имунолошки систем се наоѓа во дигестивниот тракт, во кој има „добри“ и „лоши“ бактерии. Одржувањето на балансот меѓу нив е неопходен за сочувување на здравјето. Гастроинтестиналниот тракт е комплексен екосистем во кој се воспоставува рамнотежа меѓу домаќинот и цревната микрофлора, која ја сочинуваат над 400 бактериски видови. Мал дел се наоѓаат во желудникот и тенките црева, но најголемиот дел се во дебелото црево.

Основата на доброто здравје е во дигестивниот систем, каде безбројната микрофлора заштитува од штетни патогени, помага во правилното варење на храната и генерално, го штити телото од надворешни фактори кои предизвикуваат болести. Доколку бројот на „добрите“ бактерии во дигестивниот систем значително се намали, тогаш телото станува подложно на болести. Затоа е важно „добрите“ бактерии да се одржуваат во соодветна концентрација во цревата, бидејќи во таков случај, многу е потешко бактериите и вирусите да го нападнат нашето тело.

При намален имунитет се препорачува да се користат пробиотици од видот Bacillus subtilis, бидејќи на тој начин се подигнува бројот на „добрите“ бактерии во гастроинтестиналниот тракт со што се подобрува имунолошкиот систем.

За да се оптимизира ефектот на пробиотиците, тие се комбинираат со пребиотици кои се нивна храна, а со цел да стигнат до тенкото црево каде го исполуваат своето полезно дејство, се пакуваат во желудочно отпорни капсули кои го зголемуваат степенот на  преживување на добрите бактерии.

Истражувањата покажуваат дека и популации со висок ризик (пример, предвремено родени деца) имаат значаен здравствен бенефит од употребата на пробиотици, како резултат на тоа што пробиотиците ги инхибираат потенцијалните патогени, го поттикнуваат имуниот одговор на организмот и секако, ги регулираат стомачните проблеми (грчеви) кај бебињата.

Со цел да се овозможи целосно зголемување на имунитетот, пробиотиците треба да се комбинираат со витамин Ц со чие снажно антиоксидативно дејство ги неутрализира  штетните дејства на слободните радикали и придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста и минералот цинк, кој е значаен за правилно функционирање на нервниот и имунолошкиот систем.  (Прочитај повеќе на http://www.probalansimuno.hr)

Пишува: М-р по фармација Цветанка Кузмановска


2-kraj-na-virusite-preku-dobrite-bakterii-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар