7 изненадувачки увиди во генијалноста

7 изненадувачки увиди во генијалноста

Научниците велат дека зборот „гениј“ значи способност да се биде иновативен – да се дизајнира нешто ново и неверојатно, а сепак корисно. Одбивајќи ги теориите дека генијалноста е продукт на генетиката, авторот Ерик Вајнер во своето дело „Географија на генијалноста: Потрага по најкреативните места на светот, од античка Атина до Силициумската Долина“, објаснува зошто живеењето во време и место кое ја охрабрува и поттикнува генијалноста е поважно од биологијата. Тој ги издвојува Виена, Атина, Фиренца, Калкута и Единбург како едни од поиновативните места кои во различни периоди произвеле голем број генијални умови и укажува на фактот дека самите градови се потрудиле да ја направат својата средина поприфатлива за однесувањето на гениите.

7 изненадувачки увиди во генијалноста

За целите на своето дело, Вајнер го користи зборот „гениј“ како највисоката форма на креативноста и го цитира филозофот Шопенхауер:

„Талентот удира цел во која никој друг не може да удри. Генијалноста удира во цел која никој друг не може да ја види.“

Според мислењата на Вајнер, ова се 7-те изненадувачки увиди во генијалноста:

1. Паметните места ја избегнуваат специјализацијата, бидејќи специјализацијата значи помалку креативност.

2. Според научните студии и истражувања, некои звуци (70 децибели) имаат подобар ефект врз креативноста отколку апсолутната тишина.

3. Генијалците се имаат поголема имагинација. Тие имаат повеќе добри и лоши идеи отколку луѓето со просечен коефициент на интелигенција. Во овој случај, уметноста на проникливоста е она што ја прави најголемата разлика.

4. Најдобрите мисли ни доаѓаат додека пешачиме.

5. Тензијата, а не потребноста, е мајката на сите изуми. Ни треба нешто од кое можеме да се оттурнеме.

6. Непропорционално голем број генијалци биле имигранти или бегалци.

7. Ризикот и креативната генијалност се неразделиви. Некои го ризикувале својот живот, а некои својот изглед.

Конечно, за да се зголемат шансите од повеќе генијалци во нашата околина, град, канцеларија или дом, треба да се охрабрат безредието (за да се промени долготрајниот статус кво), разноликоста и разновидноста (помеѓу луѓето и ставовите), како и проникливоста (што се постигнува со имањето многу идеи и паметната селекција на најдобрите меѓу нив).


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар