Автор: Моника ТрајковскаrnrnСте се запрашале ни некогаш зошто кога изгрева месечината има различна боја, наспроти кога е високо на небото? Овој ефект најчесто е предизвикан од атмосферата на Земјата и патот на месечината околу ноќното небо. Еве неколку феномени поврзани со боите на месечината.rnrn
Црвена месечина
rnКога изгрева месечината често е со црвена боја. Кога е поблиску до хоризонтот, светлината од месечината мора да помине низ поголем дел од атмосферата, отколку кога е директно над нас. Додека пристигне светлината до нашите очи, молекулите на воздухот веќе ги имаат растурено сините, зелените и виолетовите парчиња од видливата светлина и поради тоа остануваат само нијансите на црвената боја. Добар пример за црвена месечина е и кога Земјата ќе застане помеѓу неа и Сонцето. Бидејќи нема директно осветлување, таа на неколку минути добива специфична црвена боја.
rn
Портокалова месечина
rnЗа време на есента, месечината честопати има специфична големина и боја. Поради тоа е наречена „месечина на жетвата“. Скоро цел месец при изгревање е со портокалова боја и потоа така останува подолго време. Овој феномен се објаснува со многуте честички од прашина во воздухот кои се појавуваат за време на првиот период од есента. Тие ја искривуваат светлината на месечината и затоа нам ни изгледа малку поразлично.
rn
Темно жолта месечина
rnМесечината може да има темно жолта боја, во кое било време од годината и во која било положба на небото. Неколку минути по изгревањето, додека сè уште е ниско на небото таа скоро секогаш преминува од портокалова во темно жолта. Но, кога има премногу прашина, чад или друг вид загадување во атмосферата, таа може да остане во оваа боја додека го поминува целиот свој пат околу небото.
rn
Сина месечина
rnЕфектот на сина месечина е многу редок. Најчесто во оваа боја е забележувана после големи пожари, кога има премногу чад во атмосферата. Или пак за време на активни вулкани кои на сличен начин влијаат врз воздухот. 
rn
Сива месечина
rnКога ја гледаме месечината надвор од атмосферата таа има сива боја. Тоа понекогаш може да се забележи и од Земјата за време на многу ведра ноќ, ако сме подалеку од светлината на градовите и без никакво влијание на загаденоста и прашината.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
