Неверојатно едноставни начини за да ја освоите девојката од вашите соништа

Неверојатно едноставни начини како да ја освоите девојката од вашите соништа

Жените нетрпеливо чекаат да бидат освоени од вистинскиот маж кој знае да ги чита знаците и кој знае кога да пристапи, а кога да отстапи. Кога на жената ѝ пристапувате како џентлемен, таа ќе биде отворена, приемчива и љубопитна. Разбудете го во неа чувството на мистерија, а тоа ќе ја натера да сака да знае повеќе за вас и ќе остави насмевка на нејзиното лице.

Неверојатно едноставни начини за да ја освоите девојката од вашите соништа

Процесот на наоѓање и запознавање на идеалниот партнер може да биде заморен и досаден, но другата опција е да се помирите со некој кој не го сакате вистински, само затоа што тој или таа ве сака или затоа што немате други можности. Ако сте заинтересирани за чудесен живот со жената од вашите соништа, прочитајте ги следниве неколку начини како да ја освоите.

1. Бидете свои

Преправањето дека сте нешто што не сте е одличен начин за да ги одбиете жените. Да бидете свои значи да сте ранливи, со отворено срце и да покажете кои сте вие навистина. Многу мажи не го прават тоа бидејќи ако бидат одбиени, нема да имаат жртвено јагне кое ќе го ублажи емоционалниот удар врз нивното его.

2. Зборувајте за да бидете слушнати

Како маж, сигурно сакате да бидете слушнати, па зборувајте јасно и гласно. Едно од најморничавите нешта е кога маж зборува со жена и автоматски го снижува гласот во знак на потчинетост, покажувајќи недостаток на самодоверба.

3. Покажете интерес за неа

Не зборувајте за себе, зборувајте за неа. Тоа е едноставен концепт, но сепак многу мажи сѐ уште се прашуваат „За што да зборувам на првиот состанок?“ Покажете интерес за неа и веднаш ќе имате тема за разговор. Така ќе научите многу за вашата потенцијална девојка, а таа ќе го цени вашиот интерес за неа.

4. Научете да се однесувате како џентлмен

Џентлемените користат префинети зборови и зборуваат со пристоен тон на гласот. Нивните зборови течат како река, а нивниот глас е смирувачки, длабок и релаксиран. За да го постигнете ова не мора да одите на Харвард, само читајте повеќе книги и зборувајте бавно и промислено.

5. Научете да бидете мажи

Ова значи да не бегате од предизвиците и да се соочите со вашите стравови. Начинот на кој навистина се чувствувате длабоко во себе ќе се преслика во вашата личност и однесување. Соочете се со вашите стравови, надминете ги и ќе станете вистински маж. Полесно е да покажете дека имате самодоверба кога навистина ја имате.

6. Пристапете ѝ како џентлемен

Никој не сака кога ќе му пристапат со непристоен речник. Кога сакате да зборувате со жена, зборувајте како џентлемен. Бидете искрени, директни и тактични. Џентлемените не користат посебни техники или зборови само затоа што читаат некоја книга за која им рекле дека е корисна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар