КАФЕ ПАУЗА

Животни и инсекти кои можат да намирисаат болести и опасност

5 животни кои можат да намирисаат болести

Овие животни и инсекти имаат толку добро развиен осет за мирис што можат да намирисаат работи кои на луѓето им се достапни само преку разни современи уреди…rnrn

Кучињата

rnПокрај способноста да намирисаат дрога, експлозив или крадци, кучињата имаат способност да намирисаат и заболување од рак. Преку здивот на пациентот знаат дали тој има рак на белите дробови или на дојката, преку мирисот на крвта можат да погодат дали постои рак на матката. Мирисот на потта од стапалата им е доволен за да знаат дека ракот на дебелото е присутен, а преку мирисот на кожата дознаваат и дали таа има рак.rnrn5 животни кои можат да намирисаат болестиrn

Овошните мушички

rnИ оние мали здодевни инсекти кои кружат околу овошјето на масата можат да намирисаат рак. За разлика од кучињата, научниците со нив користат многу подобри техники за откривање на клетки на рак. Овошните мушички можат да препознаат и многу слаби мириси поврзани со здравствената состојба кои ниту кучињата не можат да ги почувствуваат.rnrn5 животни кои можат да намирисаат болестиrn

Големиот африкански стаорец

rnНосот на стаорецот постојано вибрира во потрага по мириси кои нему би му биле важни. Но, оние во Танзанија тоа го користат и за спасување на човечки животи. Иако прегледот на плунката под микроскоп е најкористениот метод за откривање на туберкулозата во Африка, според некои студии стаорецот може да открие за 44% повеќе случаи пред тоа да успее да го направи човекот со помош на микроскоп.rnrn5 животни кои можат да намирисаат болестиrn

Глувците

rnГлушецот може да почувствува кога некоја птица е заболена од птичји грип. Тие силно реагираат на одредени хемикалии кога се изложени на мирисот од птичјиот измет. Истражувањата нагласуваат дека глувците всушност не реагираат на мирисот на вирусот, туку на хемикалиите кои се ослободуваат како одговор на имунолошкиот систем на птиците.rnrn5 животни кои можат да намирисаат болестиrn

Пчелите

rnПчелите се закануваат да им ја преземат работата на кучињата во полицијата. Постои еден уред кој личи на правосмукалка во кој се сместени 36 пчели. Тие се истренирани така што во моментот кога ќе намирисаат експлозив почнуваат да реагираат со делот од телото кој им служи за вшмукување на течности. Кога доволно пчели ќе реагираат, тоа е видливо на екранот на уредот.rnrn5 животни кои можат да намирисаат болести
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.