Трик за правење совршени локни за помалку од 5 минути

Трик за правење совршени локни за помалку од 5 минути

Брановите и локните се фризури кои никогаш нема да излезат од мода, а со текот на годините стануваат сè повеќе популарни. Постојат повеќе начини за правење локни. Некои од нив бараат голема топлина, а други пак не, но за сите е потребно да одвоите подолго време. Сигурни сме и дека веќе имате свои методи и начини за виткање на косата. Доколку сте доволно вешти со апаратите за виткање, тогаш косата, во зависност од нејзината густина, би ја навиткале од 10 до 20 минути. Но, денес ви откриваме трик со кој ќе ја направите оваа фризура за помалку од 5 минути.

1-trik-za-pravenje-na-sovrsheni-lokni-za-pomalku-od-5-minuti-www.kafepauza.mk_

Соберете ја косата на врвот на главата и заврзете ја со стега. За да немате проблеми со прекршена коса, користите специјални спирални ластици. Откако ќе ја заврзите косата, напрскајте ги нејзините краеви со производ за подобро зацврстување или за полесно виткање. Потоа, одвојувајте прамени од опавчето и виткајте ги со помош на фигаро.

2-trik-za-pravenje-na-sovrsheni-lokni-za-pomalku-od-5-minuti-www.kafepauza.mk_

Кога ќе ја навиткате целата коса од опавчето, благо подигнете ја со раката кон напред за да се олади. На тој начин ќе обезбедите локните да траат подолго. Под опавчето ставете шише лак за коса за да добиете волумен.

3-trik-za-pravenje-na-sovrsheni-lokni-za-pomalku-od-5-minuti-www.kafepauza.mk_

Исечете ја стегата, бидејќи регуларното отстранување може да ги уништи локните. Префрлете ја косата наназад, благо разбушавете ја со прстите и тоа е тоа!

4-trik-za-pravenje-na-sovrsheni-lokni-za-pomalku-od-5-minuti-www.kafepauza.mk_

Со овој трик го прескокнавте процесот на одвојување на косата на делови и помали прамени. Опавчето го направи тоа наместо вас!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар