КАФЕ ПАУЗА

7 реченици кои секоја кул девојка може да ги каже без проблем

Дефиницијата за „кул“ девојка би звучела отприлика вака: Таа е самоуверена, автентична, оригинална, свесна за себе и своите квалитети, искрена, подготвена да ги поддржи и да им помогне на останатите и некоја која има доволно енергија да се посвети на себеси и на своите потреби. Сега, кога ја дефиниравме таквата девојка, дознајте и кои реченици таа ќе ги каже јасно и гласно, без двоумење.rnrn(1) 7 реченици кои секоја „кул“ девојка може да ги каже без проблемrn

1. „Не“

rnКул девојката не се двоуми да каже „НЕ“ кога смета или чувствува дека не е подготвена за нешто или дека тоа не е доволно важно за неа. „НЕ“ е целосна реченица за оваа девојка и нема да дозволи притисокот на околината да ја премисли.rn

2. „Немам време“

rnКога кул девојката нема доволно време или ресурси да направи услуга некому, тоа ќе го каже искрено, без лажни ветувања или изговори, колебливо „можеби“ и страв дека другите помалку ќе ја сакаат или ќе ја отстранат од нивните животи. Тоа е така затоа што таа знае колку вреди и дека луѓето кои навистина ја сакаат и им значи нешто во животот ќе ја поддржат и сфатат во секое време и во секоја ситуација.rn

3. „Ми беше задоволство“

rnОваа девојка, на оние луѓе кои ќе ѝ искажат благодарност ќе им врати со зборовите „Ми беше задоволство“ или „Ти си го заслужил/а тоа“, наместо „Нема на што“ или „Тоа е само ситница“. Таа го почитува своето време, како и енергијата и трудот што ги вложила да помогне некому и да му го разубави денот.rnrn(2) 7 реченици кои секоја „кул“ девојка може да ги каже без проблемrn

4. „Да“

rnТаа нема да се двоуми да каже „ДА“ доколку добие интересна покана за некакво случување, за нови активности, познанства, пријателства, животни и работни можности. Оваа девојка е свесна дека без оглед на тоа колку напуштањето на удобната зона изгледа застрашувачки, сепак е најдобриот начин, својот живот да го зачини со нови возбудувања, авантури и да расте, како на приватен, така и на професионален план.rn

5. „Сакам…“ или „Имам потреба од…“

rnДевојката која е кул нема да се двоуми, па затоа и искрено, отворено и јасно ќе комуницира за своите желби, ставови и потреби со својот партнер, пријателите и членовите на семејството. Таа знае дека вистинскиот, искрен и длабок однос е заснован на меѓусебна почит и уважување на меѓусебните потреби и оти за квалитетна врска е потребно да се даде љубов, време, грижа, внимание и ресурси, но исто така и да ги прима од другите луѓе. На тој начин, таа секогаш ќе биде подготвена да слушне „НЕ“, како одговор на некое нејзино барање и да направи компромис, затоа што знае да ги почитува туѓите желби и потреби.rnrn(3) 7 реченици кои секоја „кул“ девојка може да ги каже без проблемrn

6. „Тоа е мој недостаток“ или „ Не сум баш најдобра во…“

rnОваа девојка не се плаши да ги признае своите слабости, затоа што ги прифаќа како дел од својата автентичност и знае дека луѓето кои вистински ја сакаат и почитуваат ќе ја прифатат токму таква каква што е, несовршена, со сите нејзини вредности и недостатоци. Но, истовремено таа работи на себе секојдневно со цел секое утро да се буди во подобра верзија од себеси, како на личен, така и на професионален план.rn

7. „Навистина сум супер во оваа работа“

rnДевојката која што ја дефиниравме како кул, никогаш нема да има проблеми со тоа јасно и гласно да каже дека е навистина добра во нешто. Таа сака своите достигнувања и успеси да ги подели со останатите. Ваквата девојка не гледа на останатите „од високо“ затоа што во нешто е поуспешна од нив, туку го почитува сечиј животен пат и сечија одлука. Она што е најважно да се истакне е дека кул девојката никогаш не се споредува со останатите затоа што знае да ги почитува своите квалитети, кои ја прават посебна.