Ако сте биле во зоолошка градина тоа не значи дека ги знаете сите видови животни кои постојат на овој свет. Ви претставуваме десет за кои веројатно никогаш порано не сте слушнале.rnrn
Мравка-панда
rnОва всушност е вид оса без крила. Женката личи на мравка, а поради боите се нарекува мравка-панда. Живее во Чиле.rnrn
rn
Јастреб-молец колибри
rnОва е молец кој изгледа како да е мешавина од јастреб, молец и колибри. Се храни од цвеќињата, лесно лебди во воздухот, па затоа луѓето честопати го мешаат со колибри. Може да се сретне во поголемиот дел на Азија.rnrn
rn
Паку
rnРибата Паку живее во морињата околу Папуа Нова Гвинеја. Помеѓу локалните рибари е позната како „џелат за тестиси“, поради што секогаш внимаваат на неа додека рибарат.rnrn
rn
Окапи
rnОкапи е цицач кој живее само во Конго. Неговиот изглед потсетува на зебра, но по своите карактеристики тој е најблизок до жирафата.rnrn
rn
Боцкаст ѓавол
rnБоцкастиот ѓавол е мал гуштер, долг околу 10 см, кој може да се сретне исклучиво во Австралија. За него е интересно тоа што на вратот носи „лажна глава“ која ја користи за да го излаже предаторот во случај на напад и да ја заштити својата вистинска глава.rnrn
rn
Штрк-чевлар
rnШтркот-чевлар својот назив го носи поради изгледот на клунот и на телото, а му е даден од старите Арапи. Тоа е многу ретка птица. Живее само во некои делови од Централна Африка.rnrn
rn
Ајкула-гоблин
rnИако изгледа пострашно од кој било друг вид ајкула, таа не е опасност за луѓето затоа што живее на длабочини поголеми од 100 метри.rnrn
rn
Син морски полжав
rnОва ситно животинче е познато како син змеј или син ангел. Се среќава во топлите океански води. Може да касне човек, а тоа е болно искуство.rnrn
rn
Венецуелски молец-пудлица
rnОвој вид не е многу истражуван откако е откриен во Венецуела во 2009 година. За него е сигурно само дека е молец и дека неговиот изглед потсетува на пудлица, па оттаму и неговото име.rnrn
rn
Морски скакулец
rnИ ова суштество кое личи на посетител од друга планета сепак живее на нашата, и тоа е еден од најопасните предатори во водите во суптропските краишта.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.