Во неодамнешно пионерско истражување, научниците ги откриле можните биолошки причини за шизофренија. Откритијата објавени во списанието „Nature“ ни покажуваат врска помеѓу „синаптичкото кастрење“ и развојот на ова психолошко нарушување. Синаптичкото кастрење е процес при кој дополнителните неврони и синаптичките врски се елиминираат со цел да се зголеми ефикасноста на невронските трансмисии. Како што човечкиот мозок старее, природно ги раскинува непотребните или слабите врски помеѓу невроните.rnrn
rnrnНормално ова кастрење се случува во текот на адолесценцијата во префронталниот кортекс, каде што се развиваат критичкото расудување и планирањето на вештините. Кога одредени гени го забрзуваат овој процес, истражувањето тврди дека личноста може да стане предиспонирана за зачеток на шизофренија.rnrnИстражувачите почнале да се сомневаат дека синаптичкото кастрење може да биде причина за шизофренија откако претходните истражувања им покажувале дека оние кои се погодени од овој процес имаат намален број невронски врски, во споредба со тие кои немаат вакво нарушување. Но, третманите базирани на овие откритија сепак нема да бидат достапни во скоро време. Овие резултати конечно им овозможија на научниците да се фокусираат на биолошките причини бидејќи станува збор за епохално откритие кое ги заобиколуваше со децении.rnrnСе верува дека постојат повеќе од 50 милиони шизофреници ширум светот, кои страдаат од нарушен поглед на реалноста и халуцинации, па овие откритија се ветувачки знак за прогрес во однос на клиничките испитувања, раната детекција и превенцијата.
Големо научно откритие ги открива можните причини за шизофренија
